Дали одмрзнатото месо може повторно да се замрзне?

Фото: Pixabay
406

Како општо правило, ако можете да избегнете повторно замрзнување на храната, би требало да го направите тоа. Во спротивно, следете неколку едноставни правила

Одговорот е можеби покомплициран отколку што мислите.

Можете повторно да замрзнете одмрзнато месо, но следете ги овие правила

Како општо правило, ако можете да избегнете повторно замрзнување на храната, би требало да го направите тоа. Обидете се да извадите само количина што ви е потребна за вашиот оброк, за да обезбедите максимална свежина секој пат. Понекогаш се случува да прецените колку месо ќе ви треба за некој рецепт, но ако го одмрзнете и потоа го вратите во замрзнувачот, можете сериозно да влијаете врз целокупниот вкус и квалитетот на производот.

Откако еднаш ќе го одмрзнете месото, тоа ја губи влажноста. Секогаш кога сте ставиле замрзнато пакување месо да се одмрзне пред готвењето, веројатно сте виделе како се собира  течност на дното. Кога повторно ќе го ставите во замрзнувач, тоа повторно ја губи влагата, такашто вашите двојно замрзнати пилешки гради сигурно нема да бидат толку сочни колку што би сакале.

Меѓутоа, ако се случи да ви остане вишок одмрзнато месо и сакате повторно да го замрзнете, можете да го сторите тоа доколку сте го одмрзнувале во фрижидерот или било кој друг простор што одржува температура под 5 °С. Ако месото сте го одмрзнувале на работната маса или во микробранова печка, не го замрзнувајте повторно. Ако забележите непријатен мирис или различна боја на месо, не го користете.

Еднаш кога е вашето месо замрзнато, имајте на ум дека не може засекогаш да остане во замрзнувачот. Шницлите, стековите и котлетите можете да ги чувате во замрзнувачот околу една година, но меленото месо или свареното замрзнато месо само три до четири месеци.

Кога е можно, потрудете се да процените колку месо ќе ви биде потребно за оброкот, за да не мора да се грижите за повторното замрзнување. Ако не процените добро, следете ги овие едноставни чекори и ќе бидете подготвени!

Фото: Pixabey