Дали пиењето кафе влијае на животниот век?

Фото: Pixabay
234

Според истражувањето на кинеските научници, во текот на седумгодишниот период на следење, лицата кои консумирале каква било количина незасладено кафе имале 16-21% помали шанси од смртен исход од испитаниците кои не консумирале кафе. Тие откриле и дека луѓето кои консумираат 1,5-3,5 шолји кафе дневно имале 29-31% помала веројатност од смртен исход, во споредба со оние кои не консумирале кафе.

Консумирањето умерени количини на незасладено или засладено кафе се чини дека е поврзано со помал ризик од смрт, тврдат кинеските научници.

Резултатите од оваа студија се засноваат на податоци од анкета на повеќе од 171.000 испитаници од Обединетото Кралство. Испитани се нивните навики за консумирање кафе, посебно за консумирањето кафе засладено со шеќер, кафе засладено со вештачки засладувачи и незасладено кафе и поврзаноста со смртноста од сите причини.

Во текот на седумгодишниот период на следење, авторите на студијата откриле дека лицата кои консумирале било каква количина незасладено кафе имале 16-21% помали шанси од смртен исход од испитаниците кои не консумирале кафе.

Тие исто така откриле дека луѓето кои консумираат 1,5-3,5 шолји кафе дневно имале 29-31% помала веројатност од смртен исход, во споредба со оние кои не консумирале кафе. Научниците забележале дека испитаниците кои консумирале кафе засладено со шеќер додаваат во просек само една лажичка шеќер по шолја кафе. Резултатите биле недоследни за испитаниците кои користеле вештачки засладувачи.

Научниците известуваат дека кафето содржи соединенија кои можат да обезбедат здравствени придобивки. Меѓутоа, истакнуваат дека варијаблите вклучувајќи го социо-економскиот статус, исхраната и другите фактори на животниот стил можат да влијаат на резултатите. Врз основа на овие податоци, авторите на студијата веруваат дека нема потреба поголемиот дел од оние кои консумираат кафе да го исфрлат овој напиток од исхраната, туку треба да се внимава со консумирањето на кафиња кои содржат различни висококалорични додатоци, како што се шлаг и слатки преливи.

Авторите исто така нагласуваат дека навиките за консумирање кафе наведени во студијата се стари речиси десет години. Оттогаш, навиките за пиење кафе можеби се смениле, не само во однос на видовите на кафе, туку и во однос на просечната количина на консумирано кафе. Ова може да биде релевантно во однос на здравјето и смртноста од сите причини поврзани со пиењето кафе. Понатаму, постои можност испитаниците да ја потцениле количината на кафе што го консумирале, што исто така влијае на резултатите од студијата. Како заклучок, треба да се забележи дека количината на додаден шеќер пријавена во оваа студија била многу мала и можеби не ја одразува вистинската количина на шеќер што луѓето обично го додаваат во кафето.