Да не е баш пудинг, нека биде колач со пудинг

173

Кога сакате нешто брзо и благо, а не сакате баш да е толку обично како обичен пудинг, направете лесен и брз колач со фил од – пудинг

Кога сè се врти околу пудинг…Ако сакате благи работи и тоа брзо, имајте си го овој рецепт во својата слатка архива и направете го некогаш кога ќе добиете неодолива желба за нешто слатко. За варијантите околу украсувањето и филувањето, одлучете сами.

Состојки:

4 јајца
100 г шеќер
200 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
150 мл млеко
100 мл масло

За полнењето:

700 мл млеко
4 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
2 прашоци за пудинг со вкус на ванила

Овошје по избор (ние ставивме јагоди за украсување, но можеби е добро да се стави некое овошје и внатре.

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќер, 2-3 минути. Додадете брашно измешано со прашок за пециво, масло и млеко и сè убаво измешајте.
Половина од смесата истурете ја во калап за печење (20х30 см) подмачкан и набрашнет и ставете во загреана рерна на 180 степени. Печете 10 минути.
Во меѓувреме, додека се пече бисквитот, сварете го пудингот со млеко и шеќер и прелијте го врз полупеченото тесто. По желба врз пудингот можете да наредите овошје (замрзнато или свежо). Остатокот од смесата прелијте ја врз пудингот и печете го колачот до крај, уште 20 минути.

Кога ќе се олади исечете го на коцки и украсете го по желба.