Детокс чудо: Пролетна бомба за имунитет, спречува воспаленија!

Фото: Pixabay
533

Сега, додека е уште актуелен, наберете див лук или побарајте на некој од зелените пазари и направете го овој еликсир на здравје кој ќе ве наполни со енергија

Дивиот лук или сремуш е средство за чистење на телото – растение кое расте во пролет и помага да се ослободите од сите токсини кои се насобрале во телото во текот на зимата. Исклучително е богат со витамин Ц, содржи алин, есенцијално масло, минерали, антиоксиданти.

Употребата на сремуш се препорачува за зајакнување на имунитетот, детоксикација, во борба против воспаленија, за здраво срце, третман на чир на желудникот, за висок холестерол и притисок… Доколку сакате лук, сигурно ќе ви се допадне вкусот на сремуш. Меѓутоа, ако не сте љубители на толку силен вкус, можете да го разредите сремушот така што ќе го додадете во храната или ќе ја прелиете салатата од сремуш со прелив од јогурт. Друго име за сремуш е „див“ или „мечешки“ лук.

Уште еден совршен начин за чистење на телото со сремуш е да подготвите пијалак од оваа билка и дополнителни хранливи состојки – еве го рецептот:

Состојки:

• неколку листови свеж сремуш
• половина лажичка кокосово масло
• 1 банана
• 1 стебленце целер
• половина зелено кисело јаболко
• неколку гранчиња естрагон
• 1 лажичка чиа семе
• сок од една лимета или лимон
• 3 дцл вода

Приготвување:

Пропржете го сремушот набрзина на кокосово масло за да добие сладок вкус. Излупете го овошјето и ставете го во блендер. Сремушот и сите преостанати состојки додадете ги во блендерот, па мешајте додека не добиете еднаква густина. Додадете течност по потреба, во зависност од тоа дали сакате сокот да биде редок или густ. Истурете во чаша, поросете со малку чиа семе и послужете веднаш.