Доматите штитат од згрутчување на крвта

Фото: Unsplash
189

По прележувањето на корона, многу луѓе се соочија со проблемот на згрутчување на крвта. Меѓу намирниците кои можат да помогнат во справувањето со овој проблем, спаѓаат и доматите

Епидемијата на коронавирус која беснее низ светот трета година по ред, предизвика поголем број луѓе кои се заразиле да страдаат и од згрутчување на крвта.

Згрутчувањето на крвта е блокирање на здрав сад што може да доведе до различни здравствени проблеми. Маса на црвени крвни зрнца се собира и го запира протокот на крв во садот. Згрутчувањето на крвта не може да се формира само во еден дел од телото и може да се појави насекаде. Помеѓу другите за кои сме пишувале досега, одлично средство против згрутчување на крвта се и доматите.

Доматите помагаат да се разреди крвта и со тоа, да се намали можноста од тромбоза, се вели во заклучокот на научен труд од Шкотска.

Истражувачите спровеле експеримент со 200 доброволци. Според резултатите, секојдневното јадење домати ја разредува крвта и до 70 отсто. Последиците се регистрирани кај 97 отсто од учесниците. Испитувачите го поврзуваат тоа со присуството на антитромботичните елементи во ова овошје – флавоноидите.

Покрај тоа, високата содржина на ликопен во доматот ги одржува клетките здрави. Се препорачува доматите да се јадат и свежи, но и зготвени.

„По две минути варење или печење, количината на корисен ликопен се зголемува. Најголемата количина во доматната пулпа е до 1500 милиграми на килограм, објаснува нутриционистката Оксана Видра.

Доматите исто така спречуваат кардиоваскуларни болести, помагаат во борбата против воспаленијата и го подобруваат здравјето на очите поради големата количина на витаминот А.