Експертка тврди дека на овие намирници не им е место во фрижидерот

Фото: Unsplash
232

Можеби ќе се изненадите, ама експертите советуваат доматите, краставиците, па дури и јагодите и уште некои очекувани и неочекувани намирници, да не се чуваат во фрижидерот

Организацијата при купувањето на намирниците и нивното соодветно складирање се неопходни за да се одржува свежината на храната што подолго, а количината на фрлена храна да биде сведена на минимум. Според Феј Лорд, која зборува за Express.co.uk, овие намирници не треба да ги чуваме во фрижидер:

Авокадо
Според Феј, ниските температури го забрзуваат процесот на зреење, што ќе го направи авокадото кафеаво и ќе го изгуби својот вкус. За совршено авокадо, треба да го чувате во корпа со овошјето.

Босилек
Оваа билка никогаш не треба да се чува во фрижидер. „Не правете ваква грешка“, предупредила Феј. „Тоа предизвикува босилекот побрзо да венее, што значи дека ќе мора да го фрлите пред да имате шанса да уживате во него. Чувајте го на кујнскиот пулт за да уживате во неговата свежина што е можно подолго.

Леб
Според UK Harvest, лебот е една од намирниците што луѓето најмногу ја фрлаат. Феј препорачува да се чува во корпа за леб за да се забави процесот на расипување и сушење.

Пиперки
Чувањето црвени, зелени или жолти пиперки во фрижидер ја расипува нивната крцкава текстура. Треба да ги чувате подалеку од сончева светлина.

Краставици
Повеќето луѓе ги чуваат краставиците во фрижидер, но тие ќе бидат посвежи и повкусни доколку ги чувате на собна температура, советува Феј. Може да се чуваат и во фрижидер, но секогаш во најтоплиот дел.

Кромид
Ниските температури предизвикуваат кромидот брзо да скапува, па затоа треба да избегнувате да го чувате во фрижидер и едноставно да го чувате во оставата.

Лук
Феј објаснува дека разладувањето на лукот многу влијае на неговиот вкус. „Значи, ставете го лукот во оставата, со кромидот и секогаш ќе уживате во неговиот полн вкус“, вели таа.

Чоколадо
Чоколадото никогаш не смеете да го чувате во фрижидер освен ако надвор има топлотен бран. Чоколадото ќе има покремаста текстура на собна температура.

Кечап
Кечапот е полн со конзерванси кои ја обезбедуваат неговата свежина. Кога се чува надвор од фрижидер, овој популарен сос е многу повкусен.

Компири
„Чувањето на компирот во фрижидер влијае на нивниот вкус и може да се формира потенцијално штетно соединение на акриламид за време на готвењето. Компирите најдобро се чуваат во вреќичка во кујнскиот шкаф“, вели Феј.

Домати
За да ги зачувате доматите вкусни и сочни, тие треба да се чуваат на собна температура. Хранливите соединенија во доматите се намалуваат кога се чуваат на ниски температури.

Банани
Мит е дека бананите подолго траат во фрижидер. Бидејќи тие се тропско овошје, нивните клетки се оштетуваат посериозно од студот. Значи, за оптимална зрелост, чувајте ги бананите надвор од фрижидерот, но подалеку од други овошја и зеленчук, вели Феј.

Зрнесто овошје
Повеќето луѓе чуваат јагоди, боровинки и малини во фрижидер. Сепак, ниските температури ќе предизвикаат тие да станат суви и без вкус.

Портокали
Студот може да го одземе слатко-киселиот вкус на портокалите и да остави горчлив вкус. „Само ставете ги портокалите и други агруми во чинија со овошје“, вели Феј.

Дињи
Ниските температури ја намалуваат хранливата вредност на дињите за дури 50 отсто. Најдобра опција е да ги чувате на собна температура, а во фрижидер само откако ќе се исечат.