Еликсир за подмладување на организмот: Се употребува двапати годишно

Фото: Unsplash
344

Арапските жени отсекогаш биле познати како жени со младешки изглед, а наводно во тоа им помага „еликсирот на младоста“, кој лесно можете да го направите сами дома.

Велат дека арапските жени кои секогаш важеле за жени со младешки изглед, двапати годишно го прават овој еликсир благодарение на кој си го подмладуваат организмот и изгледаат барем една деценија помлади.

Потребни ви се само три состојки: лимон, мед и маслиново масло. Еликсирот се консумира два пати годишно, а според верувањето на арапските жени целосно го подмладува организмот.

За да го направите овој еликсир ќе ви требаат:

100 мл сок од лимон,
200 грама мед и
50 мл маслиново масло.

Подготовката е многу едноставна, потребно е да се измешаат сите наведени состојки и да се консумира по една кафена лажичка три пати на ден на празен стомак, околу 15 до 20 минути пред оброците. Откако ќе ја изедете целата смеса, направете пауза од половина година.

За време на полугодишната пауза се препорачува секој ден да се пие чај со ѓумбир. Ќе го направите така што ќе прелиете половина лажичка изрендан ѓумбир со 200 мл зовриена вода, а можете да додадете и малку сок од лимон, но во овој чај не треба да додавате мед или шеќер. Кога ќе се навикнете на јачината на вкусот, зголемете ја количината на ѓумбир и додадете полна лажица,