Жолта дуња, зелен бор, чекам брзо одговор: Ова есенско овошје е здраво целото, а особено семките

Фото: Pixabay
296

Во едно истражување, сокот од дуња го инхибирал растот на Helicobacter pylori, бактерија за која е познато дека предизвикува чир на желудникот. Сепак, најлековит дел од дуњата се семките кои содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство.

Дуњата е најдобриот лек за есен, а одамна се споменува во служба на здравјето. Еве што се лекува и како можете да ги искористите во исхраната.

Дуњата (Cydonia oblonga) е старо овошје кое потекнува од различни делови на Азија и Медитеранот. Дуњите се блиски роднини на јаболката и крушите, а лековити се сите негови делови, плодот, листовите и семките, а особено сок и сируп од плодот.

Многу придобивки од дуњата може да се припишат на тоа што плодот е богат со антиоксиданти. Тие го намалуваат метаболичкиот стрес, воспалението и ги штитат клетките од оштетувања од слободните радикали.

Дуњата е богата со хранливи материи

Дуњите содржат влакна и неколку есенцијални витамини и минерали, што ги прави хранлив додаток на речиси секоја диета.

Дуњата обезбедува умерени количини на витамин Ц и бакар, како и мали количини на витамини од групата Б, железо, калиум и магнезиум.

Дуња за здравје: Што лекува?

Во народната медицина, дуњите се користат со децении, но научните истражувања за нивните придобивки се уште се во рана фаза. Сепак, долгогодишното искуство и некои истражувања докажуваат дека дуњата многу помага во однос на здравјето.

Го подобрува имунолошкиот систем
Дуњата има антибактериски својства кои можат да помогнат во спречување на прекумерен раст на некои штетни бактерии, како што се Escherichia coli и Staphylococcus aureus.

Покрај тоа, една дуња има 15% од дневната вредност на витамин Ц, кој е неопходен за здрав имунолошки систем.

Едно овошје обезбедува и 6-8% од дневната препорака за растителни влакна. Соодветниот внес на влакна ги поддржува здравите бактерии кои живеат во вашиот дигестивен тракт, општо познати како цревен микробиом. Одржувањето на здрав цревен микробиом може да го намали воспалението и да ја подобри отпорноста на инфекции од штетните бактерии во дигестивниот тракт.

Дуњата ги ублажува пречките со варењето

Дуњите одамна се користат во народната медицина за лекување на разни дигестивни нарушувања. На пример, листовите од дуњата се варат и се пијат како чај за да се спречи дијареата.

Неодамнешните истражувања сугерираат дека екстрактот од дуња може да го заштити цревното ткиво од оштетување поврзано со воспалителни болести на цревата, како што е улцеративен колитис. Во една студија, оние кои примале екстракт и сок од дуња значително го намалиле оштетувањето на ткивото на дебелото црево.

Помага во лекување на чир на желудникот

Истражувањата покажуваат дека растителните соединенија во дуњата можат да помогнат во спречување и лекување на чир на желудникот. Во едно истражување, сокот од дуња го инхибирал растот на Helicobacter pylori, бактерија за која е познато дека предизвикува чир на желудникот.

Помага да се ослободите од мачнините предизвикани од бременоста
Некои од најчестите симптоми за време на раната бременост се гадење и повраќање. Една студија на 76 бремени жени забележала дека 1 лажица (15 ml) сируп од дуња е значително поефикасна од 20 mg витамин Б6 во намалувањето на мачнините поврзани со бременоста.

Дуњата ги намалува симптомите на рефлукс на киселина
Неколку студии сугерираат дека сирупот од дуња може да помогне во справувањето со симптомите на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), попозната како рефлукс на киселина.

Седумнеделното истражување на 80 деца со рефлукс на киселина покажало дека додавањето сируп од дуња дневно е исто толку ефикасно како и лековите кои традиционално се користат за ублажување на симптомите на состојбата.

Дуњата помага при алергиски реакции
Дуњата може да ги ублажи различните симптоми на алергија со потиснување на активноста на одредени имунолошки клетки одговорни за алергиски реакции.

Gencydo, комерцијален лек за алергија, комбинира сок од лимон и екстракт од плод од дуња. Неколку мали студии ја поддржуваат неговата способност за спречување и лекување на благи алергиски реакции, како што се течење на носот и астма.

Покрај тоа, студиите на глувци забележуваат дека екстрактите од овошје и семки од дуња можат да спречат и лекуваат вештачки предизвикан алергиски дерматитис. Сепак, останува нејасно дали тие би го имале истиот ефект кај луѓето.

Семките од дуњата се најлековитиот дел од дуњата, а кога ќе отстојат во вода, ослободуваат слуз што помага при кашлицата. Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.

Рецепт за чај од семки

Чајот од семки од дуња помага во ублажување на стресот и несоницата. Помага и при воспаление на усната шуплина и ждрелото и како ослободувач од болка. Ставете една лажичка семки во вода преку ноќ. Загрејте ја пред консумирање и пијте три шолји дневно. Истиот чај, но не загреан, користете го за проблеми со кожата како локален лек.

Лековити се и плодовите и листовите на дуњата, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делуваат на работата на цревата и спречуваат инфективни болести.

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и диареја, додека печена или варена дуња се препорачува за анемија, но и за лекување на воспалението на желудочната и цревната слузокожа. Дуњата се употребува и за лекување на суво ждрело, крајници, дишни патишта, како и за ублажување на обилните менструации. Чајот од семки од дуња лекува несоница, ја ублажува напнатоста и го отстранува непријатниот здив, додека слузот од семките лекува изгореници и рани.

Како да се користи дуњата во исхраната?
За разлика од популарните овошја, дуњите ретко се јадат сирови. Дури и кога се зрели, суровите дуњи имаат многу тврдо месо и кисел, трпок вкус. Така, повеќето љубители на дуња се согласуваат дека овошјето најдобро се јаде варено.

Откако ќе ја исечете сировата дуња, ставете ја во сад со вода и мала количина шеќер, оставете да се крчка додека месото не омекне. Можете исто така да експериментирате со додавање на зачини: ванила, цимет, ѓумбир и ѕвезден анис.

Можете да јадете сварена дуња сама или заедно со друго варено овошје (јаболка, круши) или да ја користите за овесна каша, јогурт или печено свинско месо. Исто така, може да биде вкусен додаток на овошни колачи и пити.

Можете да направите и џем од дуња. Сепак, внимавајте на количината на шеќер.