Задача за викенд: Сочен колач со наут, чоколадо и портокал – без брашно и глутен

Фото: Pexels
425

Овој рецепт е за сите оние кои го исклучиле глутенот од исхраната, бидејќи сите состојки се без глутен.

Денеска ви носиме рецепт за фантастичен колач со леблебија – без брашно, со какао и сок од портокал. Овој рецепт е за сите оние кои го исклучиле глутенот од исхраната, бидејќи сите состојки се без глутен. Тортата е прекрасна и сочна и сама се топи во устата. А вкусот на чоколадото и портокалот обично е неповторлив…

Сочен колач со наут, чоколадо и портокал
Состојки:

1 шолја (250 мл)
60 дкг исчистен наут
сок од 2 портокали
120 мл вода
8 јајца
2 шолји шеќер
2 лажички прашок за пециво
1 шолјичка какао во прав
рендана кора од 2 портокали
4 лажици масло
15 дкг црно чоколадо за прелив

Приготвување:

Наутот истресете го од конзервата и исчистете го од лушпите под благ млаз вода. Овој процес е малку потежок бидејќи треба да се ослободите од сите лушпички. Наутот избришете го со кујнска хартија од остатокот од водата.
Наутот, цедениот сок од портокал и водата се ставаат во блендер. Измешајте сè за да добиете убава, густа смеса.

Во сад се мешаат јајцата, се додава кашата од наут, шеќерот, прашокот за пециво, маслото, какаото и на крај ренданата кора од портокал. Сè добро измешајте.

Истурете ја смесата во калап за колачи со дијаметар од 24 цм и малку потчукнете го калапот на работната плоча за да се ослободат воздушните меури во тестото. Потоа ставете да се пече во загреана рерна на 180 C 50-60 минути. Проверете со чепкалка дали е печено.

Во помал сад направете ганаш од црно чоколадо и слатка павлака, па прелијте го оладениот колач.