Здрав и вкусен колач од урми готов за половина час

Фото: Pixabay
684

Се верува дека урмите имаат делотворно дејство во лекувањето на ракот, за што е заслужен селенот. Урмите можете да ги користите и кога правите здрави колачи.

Состојки:

25 урми

200 г овесни снегулки

1 лажица путер од кикирики

2 банани

ленено семе, сончоглед и сусам

4 лажици какао

Вода

1 јајце

1 лажичка прашок за пециво.

Приготвување:

Измешајте ги овесните снегулки со лажичка прашок за пециво, па се додаваат семките по вкус, потоа додадете ги јајцето и пирето од банани, малку вода и измешајте сè добро.

Ставете ја смесата во подмачкана тава да се пече 15-20 минути. Исчистете ги урмите на мали парчиња, додадете какао и путер од кикирики и прелијте со топла вода (за да ги покрие урмите), оставете ги да отстојат некое време, а потоа сѐ добро изгмечете за да добиете крем.

Кога кората ќе се испече и ќе се излади, ставете го одозгора филот.

Фото: Pixabey