Златен совет за секогаш совршено тесто

Фото: Pixabay
65

Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат делото на вашите раце да биде исто толку добро како и она на најдобрите пекари.

Пред да започнете да го правите тестото, извадете ги путерот и јајцата од фрижидерот и оставете ги извесно време да стојат на собна температура.

Не претерувајте со количината на прашок за пециво или квасец, бидејќи постои можност тестото премногу да нарасне и да пукне.

Секогаш ставајте го тестото во загреана рерна, бидејќи секое тесто што содржи  прашок за пециво и квасец го ‘бара’ тоа.

При соединувањето на влажните и сувите состојки, се јавува хемиска реакција и тестото веднаш почнува да се крева.

Почекајте 10 до 15 минути од моментот кога рерната ќе ја достигне посакуваната температура и потоа ставете го тестото во неа.

Совет плус:
Во секое тесто ставете по една лажица јаболков оцет, здраво е, тестото подобро ќе нарасне, а му дава на тестото и добар вкус.