Знаете ли кој минерал има важна улога во регулирање на шеќерот?

Фото: Unsplash
383

Овој минерал го регулира нивото на шеќер во крвта, а кај пациенти зависни од инсулин може да ја намали потребата од лекови и инсулин.

Нашето тело има потреба од голема низа минерали кои го поддржуваат нормалниот тек на сите метаболички функции. Еден од овие минерали е хромот, минерал во траги, есенцијален за нашиот организам, кој примарно учествува во метаболизмот на јаглехидратите и мастите.

Помалку е познат од железото, калциумот или магнезиумот токму затоа што ни е потребен во многу мали количини, т.е. во траги. Затоа, недостатокот на овој минерал е редок. Сепак, ова не ја исклучува можноста на некои луѓе да им недостига.

Хромот игра клучна улога во спречувањето на дијабетес, кој организмот не го произведува, туку мора да се внесува со храна.

Овој минерал го регулира нивото на шеќер во крвта, а кај пациенти зависни од инсулин може да ја намали потребата од лекови и инсулин. Кај луѓето со гранични вредности на шеќерот во крвта, може да спречи да станат зависни од инсулин, а кај оние на кои нивото на шеќер во крвта им е ниско, може да им помогне да го вратат во нормала.

Хромот го има во брокулата, месото, пивскиот квасец и пивото, виното, јачменот и пченичните снегулки. Го има и во пилешкото, морските ракови, јаткастите плодови и печурките.

Утврдено е дека една шолја брокула содржи 22 μg хром, т.е. пет пати повеќе од која било друга храна. Препорачаните дневни дози се 50 до 200 μg.

Ова треба да се земе предвид, бидејќи ако се предозира, може да биде токсичен.