Знаете ли што е 100 пати помоќно од антибиотиците?
Истражувањето на Универзитетот во Вашингтон потврдило дека една здрава намирница многу подобро го лечи труењето со храна отколку антибиотиците.
Станува збор за лукот чија клучна состојка е диалил сулфид, кој е 100 пати посилен во борбата против труење со храна од антибиотиците, покажала студијата на Универзитетот во Вашингтон.
Лукот не само што е посилен од антибиотиците еритромицин и ципрофлоксацин, кои најчесто се користат при труење со храна, туку и делува веднаш, се тврди во студијата.
Делува така што го запира размножувањето на кампилобактер, една од најчестите бактерии што предизвикува труење со храна.
Друга неодамнешна студија покажала дека оваа намирница го зголемува целокупното ниво на антиоксиданти во телото, клучни за нашето здравје. Лукот се смета за најмоќната храна што ни ја дава природата.
Тој е клучен дел од медитеранската исхрана, поради што луѓето кои се хранат на овој начин најчесто живеат долг и здрав живот.