Зошто е добро да се јаде пача? Го имаме рецептот на шеф Маре Јаневска за ова вкусно и здраво јадење

2.074

Ако сте љубител на пача и ви треба изговор за тоа, го имате најдобриот: пачата е здрава, а ние го имаме рецептот на нашата Маре Јаневска која годинава ја приготви за своето семејство во својот нов дом во Германија. Дали вие ја направивте вашата пача годинава?

Утре е Богојавление (19 јануари), денот кој го означува крајот на зимските празници. Денот кога се јаде пача.

Порано, секоја зима мајка ми традиционално подготвуваше пача која стоеше во „ладната соба“. Тоа беше собата во доградениот дел од нашата барака која во зима не ја користевме па на мајка ми ѝ служеше како фрижидер.

Јас традиционално, не јадев пача.

Сепак, иако никогаш не сум била обожавател на пача, отсекогаш ме фасцинирала поради „чудните“ состојки од кои е направена и структурата која изгледа толку футуристички. Мајка ми понекогаш ставаше и тркалца варени јајца кои под желето изгледаа како одлична декорација.

Сепак, ми требаше време за да се осмелам да пробам. Познато е дека обично се плашиме од она што ни е непознато, а јас на пример, тогаш мислев дека пачата е многу мрсна и дека тоа што мрда пред моите очи е чисто сало. Е после, кога почнав да ги слушам објаснувањата, научив дека пачата е всушност супа од коски и дека ги носи сите придобивки од овој вид супа. Ова е причината зошто придобивките за коските се издвојуваат меѓу другите. Тоа придонесува за формирање на толку неопходниот колаген.

Состојките што го сочинуваат ова јадење се нозете, ушите, сврзните ткива, тетивите, опашките и се останато од свинско или говедско потекло. Заедничко за сите нив е тоа што се направени од сврзно ткиво кое сочинува повеќе од 90% од нивната маса. Сврзното ткиво се состои од макромолекули на колаген протеин и еластин протеин. Односно, првенствено нозете на животното се состојат од тетиви, кожа и коски. При готвење, тетивите даваат ефект на желатинирање кој има многу вредни квалитети и содржина на корисни материи што е достојна за почит. Дополнително, нема потреба од додавање на вештачки средства за желатинирање, т.е. ова е сосема природна храна.

Во хемискиот состав на овој производ се холинот, витамини од групата Б и ПП, R, H. Минералите се претставени со калиум, калциум, магнезиум, цинк, селен, бакар, силициум, кобалт, никел, фосфор и натриум.
Супстанциите во свинските нозе, велат, се корисни за луѓето кои се подложени на хемотерапија, како и за оние кои сакаат да ја подобрат состојбата на косата.

Е сега, нашиот, односно, рецептот на шеф Маре Јаневска која годинава ја направи пачата во својот нов дом, во Германија.

„Пачата ја правам од свински нозе и телешка коленица. Прво треба добро да се исчистат од влакна и да се искиснат во ладна вода. Потоа се полни еден поголем лонец со вода и се остава да зоврие. Тајната за добрата пача е што се вари на многу слаба температура и воопшто не се додава вода во варењето. Целата процедура трае околу 6-7 часа и додека се варат нозете и коленивцата внимателно се отстранува маснотијата ид површината. Кога 1/3 од течноста ќе се намали, значи дека е готова. Се прецедува течноста, се вади мевцето од нозете и коленицата и се става во течноста, се додаваат сол и толчен или пресуван лук по желба и црн пипер и целата количина се распоредува во мали длабоки садови. Потоа се остава на ладно за да се формира желе“, ни објасни шеф Маре.

Инаку, во водата додека се варат нозете можете да ставите зрна црн пипер и 2-3 ловорови листа.

Конзумирањето на пача помага за здравјето на цревниот тракт и ги намалува пропустливоста и воспалението на цревата. Му дава на телото витамин А, кој го изострува видот и го зајакнува имунитетот. Лизинот има антивирусно дејство, поради што бујон се препорачува при настинки.

Ако треба да се систематизираат придобивките од пачата, тие ќе изгледаат вака:

  • ги штити зглобовите;
  • помага да се зачува обвивката на цревната;
  • ја одржува кожата здрава, стимулирајќи го производството на колаген;
  • го зајакнува имунолошкиот систем;
  • ја зајакнува детоксикацијата, имајќи предвид дека супата од коски е исто така моќно средство за детоксикација кое му помага на црниот дроб да ги исфрли токсините;
  • ги стимулира метаболичките процеси и регенерацијата на клетките.