Како да го направите најздравиот домашен леб?

Фото: Pexels
695

Овој леб без брашно е хранлив како и сите други пекарски производи, но изобилува и со протеини, витамини, аминокиселини, масти, јаглени хидрати и разни минерали.

Овој леб го стимулира производството на црвени крвни зрнца и хемоглобин, го поттикнува отстранувањето на канцерогени и токсични материи од телото, го отстранува вишокот холестерол, се препорачува за превенција од дијабетес, атеросклероза и целулит.

Се прави од никнати зрна пченица, со минимален додаток на квасец и сол, без адитиви, конзерванси и слични материи.

Сите други видови леб се разликуваат од овој, пред сѐ, по тоа што содржат брашно со ниска биолошка вредност, со својства кои човечкото тело практично не може да ги апсорбира.

Рецепт за домашен леб

Овој леб без брашно е хранлив како и сите други пекарски производи, но изобилува и со протеини, витамини, аминокиселини, масти, јаглени хидрати и разни минерали.

Содржината само на диетални влакна е 20 пати поголема отколку во лебот што е вообичаен во широката потрошувачка.

Сепак, треба малку да се навикнете на вкусот, бидејќи ова не е типичен мек, надуен бел леб.

Ама затоа е сѐ она што не е белиот леб.

Состојки:

 300 гр пченични зрна

100 гр јачменови снегулки

2 лажици сусам

2 лажици ленено семе

2 лажици семки од сончоглед

1 лажичка сол

1/2 свеж квасец + 50 мл вода

Приготвување:

Процесот на правење на овој необичен леб е долг, но не одзема многу време.

Се почнува со прелевање на пченицата со вода.

Пченицата останува во вода 3 дена додека не почне да ‘рти. Водата одвреме-навреме се менува за да не се скисели пченицата.

По 3 дена, исцедете ја пченицата од водата и смелете ја на неколку пати со мелница за месо или во блендер.

На крајот се добива маса слична на тесто.

Во мелената пченица додадете снегулки по ваш избор (можете јачменови).

Снегулките првично се натопуваат во млака вода, а кога ќе омекнат добро исцедете ги со стискање.

Можеме да додадеме и разни семки по избор, како сончоглед, лен и сусам, кои лесно ги пропржуваме во сува тава пред да ги додадеме во смесата за  леб.

Во 50 мл вода измешајте половина свеж квасец со една лажичка шеќер.

Кога ќе нарасне квасецот, додајте го во смесата и месете со рака. Нема потреба да се додава дополнителна вода бидејќи самата пченица е доволно влажна.

Додадете сол, сè добро соединете, ставете го во калап за печење и оставете да отстои околу 30 минути.

Најдобро е да користите силиконски калапи бидејќи тогаш нема потреба да додавате никаква маснотија.

Додека масата мирува, покријте го калапот со влажна крпа за да не се формира кора.

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Пред печењето ставете неколку коцки мраз во рерна за да се направи во рерната пареа, со што се овозможува квасецот уште малку да го подигне лебот пред да се стврдне кората.

Лебот се пече околу 45-50 минути.

Најдобро е да се провери со дрвено стапче, како кај печењето колачи.

Откако ќе се излади лебот, завиткајте го во растеглива фолија и чувајте го во фрижидер. Лебот може да се подели на дневни порции и да се замрзне и да се користи по потреба.