Како да направите вистински домашен кајмак?

Фото: Фејсбук
935

За да биде добар кајмакот потребно е полномасно, неварено млеко, по можност, од некој домашен производител.

Домашниот кајмак е многу вкусен. Може да се користи како намаз, но и да се комбинира со друга храна. Најтешко од сè е да се најде вистинско домашно или свежо млеко.

Правењето вистински домашен кајмак не бара многу, потребно ви е само млеко и време.

Состојки:

млеко

Приготвување:

Истурете свежо млеко во тепсија или во некое пошироко, поплитко тенџере.

Оставете да зоврие. Варете го на тивок оган час – час и половина.

Исклучете го и оставете го млекото со кајмакот во тепсијата малку да се излади.

Кога млекото целосно ќе се излади, соберете го кајмакот од површината на млекото, ставете го во сад и чувајте го во фрижидер.

За да биде добар кајмакот потребно е полномасно, неварено млеко.

Свежото млеко се истура во широко тенџере или во тепсија бидејќи колку е поголема површината на садот во кој се готви млекото, толку повеќе кајмак ќе има на крајот.

Она што е важно при правењето кајмак е тој да се прави полека и да не се забрзува процесот. Кога млекото ќе се истури во тепсијата или во тенџере, треба да се загрее за да зоврие, но откако млекото ќе зоврие, намалете го на тивко и варете како што рековме погоре, околу час и половина. Ако видите дека премногу врие, дополнително намалете ја температурата. Ако го правите ова првпат, гледајте го млекото често за да не ви истече.

Процесот не може да се забрза, затоа треба да се прави кога сте дома и кога имате време.