Како да направите домашен сок од нане и жалфија

Фото: Pixabay
255

Овој сок, односно, ладен чај од нане и од жалфија може да се пие континуирано во период од еден месец до 3 пати неделно, по што е неопходно да се направи двонеделна пауза.

Сокот од нане и жалфија е попознат и како домашен лек во борбата против нередовна столица, проблеми со кашлица, респираторни нарушувања и разни воспаленија, како што се болки во грлото и забоболки. Исто така, сокот од нане и жалфија ќе ви помогне да го зајакнете вашиот имунитет.

Има и еден недостаток, а тоа е што сокот од нане и жалфија може да се пие континуирано во период од еден месец до 3 пати неделно, по што е неопходно да се направи двонеделна пауза.

Сокот од нане и жалфија се подготвува така што треба да набавите 5 гранчиња жалфија, 10 гранчиња нане, 1 дцл мед, 2 дцл сок од лимон, 3 литри вода и мраз. Натопете ги гранчињата во сок од лимон и оставете ги да отстојат околу 3 часа. Откако ќе отстои додадете ги останатите состојки, убаво измешајте и послужете.

Сокот од нане и жалфија се препорачува да се консумира ладен, а може да стои и во фрижидер, но не подолго од една недела!