Како да похувате без јајца, полесно да излупите лук или да го замените шеќерот во колачите?

Фото: Unsplash
194

Дознајте ги одговорите на овие и на уште неколку прашања поврзани со кујната и подобрата подготовка на храната.

Овие 7 трикови кои можете да ги примените во кујната ќе ви помогнат полесно доколку сте почетник, но и ако сте искусна домаќинка.

1. Кога ги лупите компирите, добро исплакнете ги под млаз ладна вода. Со овој трик вашиот помфрит ќе биде покрцкав и полесно ќе се вари.

2. Ако сакате вашата торта да биде направена со мед наместо шеќер, треба да ставите ¾ мед во однос на потребната количина шеќер. Покрај тоа, треба да ја намалите количината на течност за ¼ во споредба со рецептот со шеќер.

3. Ако случајно немате јајца, а сакате да похувате месо или риба, наместо јајца можете да користите фино пченкарно брашно. На овој начин ќе добиете убаво печена коричка како да сте ги похувале во јајца и презли.

4. Кога го подготвувате тестото за палачинки, прво одделете ги течните од сувите состојки, па соединете ги и не ги мешајте премногу, бидејќи во тој случај нема да добиете воздушести палачинки.

5. За побрзо и подобро да ги изматите белките во шлаг, додадете им неколку капки сок од лимон.

6. Лукот и ножот намокрете ги пред лупењето и сечењето, нема да се лепи и полесно ќе го излупите и исечете.

7. Ако правите колачиња и немате време да чекате путерот да омекне, изрендајте го.