Како да сварите пченка за 10 минути

Фото: Pixabay
1.341

Ако сакате набрзина да сварите пченки, па така да заштедите и струја и време, ви требаат само 2 состојки

Иако можеби мислите дека е невозможно да се забрза процесот на варење на пченката, ние најдовме одличен начин како да го забрзате процесот, но и дополнително да го подобрите вкусот. Во остатокот од текстот дознајте како треба да го направите тоа.

Освен што е вкусна, пченката е многу корисна и за здравјето на цревата. Содржи јаглехидрати, магнезиум, фолна киселина, протеини и многу други хранливи материи, а сега е идеално време да ја консумирате.

Варената пченка е нешто без кое летото не може да помине. Многумина не се осмелуваат да го ја готват дома, бидејќи мислат дека е потребно премногу време.

Сепак, постои еден трик кој може значително да го скрати времето, а ќе добиете совршено зготвена и вкусна пченка.

Кочанот најпрво скршете го на две половини, наредете ги во тенџере, а потоа прелијте ги со вода. Кога водата ќе зоврие, истурете една чаша свежо млеко и додадете едно парче путер.

Оставете сè да се вари 10 минути, а потоа тргнете го тенџерето од оган. На крајот посолете по вкус и уживајте во меката пченка.