Како да сварите цвекло за 15 минути?

Фото: Unsplash
623

Ако ви се јаде онаа вкусна и здрава салата со варено цвекло, ким и лимон, сега не треба да чекате 1 час за да се свари цвеклото, доволни се 15 минути.

Цвеклото е исклучително здраво и многу богато со калциум, железо и витамин А, па затоа е одлично за имунитетот. Без разлика дали сте анемични, имате низок крвен притисок или често сте болни, јадете го ова коренесто растение. Во последно време често се препорачува сок од цвекло, но одлично е и како салата, а од него можете да направите и супа.

Салатата од цвекло со ким убаво се спарува со сите видови месо, како и со многу други јадења. Вообичаено е потребно околу еден час за да се свари цвеклото, бидејќи на овој зеленчук му треба долго време за да омекне. Но, сега ви откриваме едноставен трик кој ќе ви помогне да го забрзате процесот.

Цвеклото убаво измијте го, но не ги лупете кората и рачката, бидејќи така ќе ја изгуби сочноста и корисните својства. Потоа ставете го во тенџере со врела вода и не го поклопувајте. По 3-4 минути додадете парче леб. Ќе ги отстрани сите непријатни мириси. По 15 минути цвеклото е готово и од топлата вода префрлете го во сад со ледена вода. По 5 минути можете да го користите за јадење.