Како да си одгледате ѓумбир дома?

Фото: Unsplash
352

Сите знаеме за неговите здравствени придобивки, евентуално, можеби не сте слушнале дека е ефикасен и за намалување на менструалните болки, речиси исто како и ибупрофенот.

Ѓумбирот е еден од најздравите производи што се користат за готвење, но и свежи, па освен што го подобруваат и го збогатуваат вкусот на храната, ви носат и голем број здравствени придобивки. Се употребува за лекување на настинка, а се користи и за смирување на мачнините за време на бременоста и воопшто, во ситуации поврзани со чувство на гадење. Има антивоспалителни својства, а одличен е и за сите кои имаат болки во мускулите и во зглобовите. Исто така, ефикасен е и за намалување на менструалните болки, речиси исто како и ибупрофенот.

Најчесто, ѓумбирот се користи за лекување на стомачни проблеми. Ја забрзува работата на желудникот и е корисен за луѓе кои се соочуваат со непријатност после јадењето. Ѓумбирот е совршен и за луѓе кои имаат проблем со варењето.

Накусо, со толку многу здравствени придобивки, ѓумбирот е супер зачин што дефинитивно ќе сакате да го консумирате секојдневно. За среќа, постојат многу начини на кој можете да го консумирате.

Тој е совршен за подготовка на чај, како и за готвење. Добрата вест е дека можете лесно да го посадите и во затворен простор и секојдневно да го консумирате свеж.

Најпрвин ви треба корен, одвод за обилно натопување на земјата во која ќе го боцнете, како и широк и плиток сад.

Следете ги овие 5 едноставни чекори:

Потопете го коренот од ѓумбир во вода во текот на ноќта.

Ставете во садот земја и боцнете го внатре вашиот корен од ѓумбир па покријте го со околу 5 цм земја.

Ставете му вода.

Ставете го садот во разумно топла просторија во која нема да го фаќа сонце.

Одржувајте ја влажноста со помош на вода од шише со спреј.

Ѓумбирот расте бавно, па процесот ќе потрае неколку недели.

Во секој случај, многу е лесно, а ќе можете бескрајнo да се снабдувате со свеж ѓумбир! Имено, кога ќе пресечете малку за употреба, остатокот од коренот продолжува да расте!