Како да ја заблажите лубеницата ако не е доволно слатка?

Фото: Unsplash
219

Зачинот што редовно го користите при готвење сега ќе ви помогне доколку лубеницата што сте ја купиле не е доволно слатка.

Веројатно ви се случило кога избирате лубеница, на пазар или во продавница, таа да не е толку сочна и слатка како што сте очекувале. Можете да стоите, да ја гледате и да ја потчукнувате па сепак понекогаш едноставно се случува да изберете невкусна и недоволно слатка лубеница. Бидејќи летото не можеме да го замислиме без неа, бидејќи ни помага да се хидрираме, но и не засладува во топлите летни месеци, ви откриваме одличен трик кој ќе ви помогне да го подобрите нејзиниот вкус за неколку секунди.

Како може лубеницата да биде послатка? Едноставно е: додадете сол!

Иако звучи чудно, солта го подобрува слаткиот вкус на лубеницата „удирајќи“ на солено-слаткиот контраст така што сладоста доаѓа повеќе до израз. Тајната е само да ставите прстофат сол и рамномерно да го поросите целото парче. Не претерувајте, бидејќи тогаш целосно ќе ја потиснете сладоста.

Можеби ќе ви изгледа чудно, но обидете се, дефинитивно ќе бидете воодушевени.