Како илјадници бебиња биле спасени од смрт со обична супа од моркови
Пред сто години, варените моркови ја намалиле смртноста кај децата за половина благодарение на лекарот-педијатар Ернст Моро.
Името Ернст Моро денес веројатно не значи ништо за широката публика, бидејќи не читаме многу за него во книгите и не гледаме филмови за него на телевизија. Но, лекарите го знаат овој австриски педијатар како извонреден специјалист, чиј напредок помогнал да се спасат илјадници бебиња и сѐ уште се користи во медицината.
Пред сто години, варените моркови ја намалиле смртноста кај децата за половина благодарение на Ернст Моро.
Исто така, овој педијатар помогнал да се дијагностицира церебралната парализа и да се изолира Lactobacillus Acidophilus од желудникот на децата („пријателски“ бактерии што можете да ги најдете кога млекото ќе почне да се закиселува. Тие се исто така витален дел од нашето здравје на цревата).
На почетокот на 20 век, просечниот човечки живот бил половина пократок од денешниот, не затоа што луѓето умирале на возраст од 35 до 40 години, туку затоа што во тоа време имало висока стапка на смртност на доенчиња. Причината зошто луѓето си легнувале рано секоја вечер не било само затоа што не постоел Нетфликс. Меѓу другото, тие сакале да имаат многудетно семејство бидејќи повеќето од децата не преживувале.
Големиот проблем во Европа во тоа време бил како да се храни детето за да стане здрав и силен возрасен човек. Ернст Моро променил сè.
Во 1908.година го открил неверојатниот ефект на супата од морков. И во следните сто години, научниците не можеле да објаснат зошто тоа функционира толку добро. На почетокот на 20 век, многу деца умреле од дијареа. Експериментирајќи, Ернст го измислил овој едноставен лек кој ја преполовил смртноста кај децата.
Супа од морков што лечи пролив
Состојки:
500 грама моркови
1 литар вода
3 грама сол
Приготвување:
Пред да ја зготвите супата, потребно е да ги излупите и исечете морковите. Потоа варете ги во вода додека не омекнат. Изгмечете ги морковите и додадете вода, таман колку да добиете околу литар супа. На крајот додадете прстофат сол.
Во тоа време немало антибиотици или лекови за дијареја. Супата од морков ги спречила и најлошите случаи на дијареа, а лекарите биле воодушевени од нејзиниот ефект.
Зошто супата е толку ефикасна?
Последователните студии покажале дека олигосахаридите (комплексни единици составени од едноставни шеќери) во супата од морков може да спречат лошите бактерии да се залепат на ѕидовите на цревата на децата и да предизвикаат оштетување. Моќните јаглехидрати од растворот од морков практично ја спречиле дијареата и им помогнале на децата брзо да закрепнат.
Исто така е поефективна од денешното решение за орална рехидратација што можете да го купите во аптека.
Друга студија покажала дека благодарение на својствата на супата, таа лечи дури и дијареа предизвикана од бактерии отпорни на антибиотици.