Квасецот може да биде чистaч на организмот и природна козметика за поубав тен

Фото: Pixabay
320

Истражувањата покажале дека квасецот, доколку се зема во мали количини (не се препорачува во големи количини бидејќи тешко се вари) може да делува како природен антибиотик и прочистувач на дигестивниот систем и да придонесе за балансирање на мастите и шеќерот во крвта.

Ретко се прашуваме што е навистина квасецот – само го користиме. Квасецот е незаменлив во производството на леб, колачи, пиво и други алкохолни пијалаци, како и за некои егзотични намирници како што се ферментирана соја и црвен ориз.

Квасецот е жив микроорганизам – поточно, микроскопски мала едноклеточна габа која е клучна во ферментацијата на шеќерот, па затоа има широка примена во процесите на ферментација. Меѓу многуте видови на квасец, најпознат е Saccharomyces cerevisiae, од кој се добива пекарски и пивски квасец. Индустрискиот квасец се произведува како свеж или сув (кој има подолг рок на траење).

Домашен стартер
Многу луѓе сами подготвуваат квасец за печење леб дома без вештачки адитиви. Домашниот природен квасец, познат како база, е кисело тесто направено така што мешавина од интегрално брашно и вода се „одгледува“ во тегла (некои додаваат рендано јаболко или мед). Ова ферментирано тесто се замесува во леб, што му дава посебен квалитет и подолго ја задржува свежината.

Лековита кура
Квасецот е богат со витамини од групата Б, протеини, есенцијални амино киселини и разни минерали, пред се хром и селен. Истражувањата покажале дека квасецот, доколку се зема во мали количини (не се препорачува во големи количини бидејќи тешко се вари) може да делува како природен антибиотик и прочистувач на дигестивниот систем и да придонесе за балансирање на мастите и шеќерот во крвта. Некои го препорачуваат за полесно слабеење.

Свежиот квасец се користи како природен лек уште од античко време, а и денес се препорачуваат лековити кури со квасец така што се зема на празен стомак или помеѓу оброци, 1-2 лажички, растворен во малку вода или млеко или растопен во устата, 1-3 пати на ден.

Смирувачки маски за лице
Квасецот се користи и за подготовка на маски за лице, за смирување на акните и други кожни воспаленија и за прочистување и разубавување на тенот. Обично сувиот квасец се меша со млако млеко во смеса која се чува на лицето додека не се исуши, а потоа се плакне темелно со топла, а потоа и со ладна вода.