Кикиритки или бадеми? Експертите открија кои јаткасти плодови се подобри за нас

Фото: Pexels
307

Некои диететичари тврдат дека и бадемите и кикиритките се здрави намирници богати со хранливи материи кои можат да бидат дел од урамнотежената исхрана, но некои им даваат предност на бадемите

Бадемите и кикиритките се секако едни од омилените јаткасти плодови, но дали некогаш сте се запрашале кои од нив се подобри за вашето тело? Ова се мислењата на тројца експерти за исхрана, пишува МСН.

Бадемите и кикиритките содржат исти витамини Б и Е, но во различни количини. Бадемите имаат поголема количина на витамин Е. Од друга страна, кикиритките се подобар извор на витамини од групата Б како фолати и ниацин. Содржината на магнезиум и кај едните и кај другите е добра, но бадемите содржат малку повеќе магнезиум. Бадемите имаат двојно повеќе железо и пет пати повеќе калциум од кикиритките, иако и едните и другите имаат иста количина на цинк.

Според нутриционистката со 13-годишно искуство, Марија Ариенти, пресудата е во полза на бадемите бидејќи тие се нутритивно подобри од кикиритките и содржат повеќе железо, калциум, магнезиум и здрави масти.

Магистерката по здравствени науки и нутриционистка Росана M. Силва тврди дека, на пример, пастата од бадем содржи малку пониски хранливи вредности од путерот од кикиритки, во однос на макронутриенти и калории. Значи, бадемите можеби се посоодветни за оние кои сакаат да ослабат, да го дефинираат своето тело или кои се на порестриктивна диета. Таа додава дека сѐ зависи од целта и нутриционистичката стратегија што му е потребна на пациентот.

Диететичарката Деидре Хјусамен, која се занимава со обезбедување услуги за клиничка исхрана, вели дека и бадемите и кикиритките се здрави намирници богати со хранливи материи кои можат да бидат дел од урамнотежена исхрана.

Таа објаснила дека двата јаткасти плодови се одлични извори на омега 6, влакна и протеини. Бадемите имаат повеќе витамин Е, во споредба со кикиритките, додека кикиритките се подобар извор на витамини од групата Б.