Кифличките на мама

320

Чувајте ги старите тефтери на вашите мајки, бидејќи нивните рецепти се единствени и оригинални, токму со вкусот кој го памтите од детството

Нашата читателка Мирјана Глигоровска ни испрати рецепт за кифлички од тефтерот на нејзината мајка. Станува збор за оние вообичаени рецепти што се прават во сите домаќински куќи, ама ако не сте ги зачувале рецептите од вашите мајки, тешко дека ќе најдете ист таков на јутјуб. За да ги направите онакви какви што ги правела вашата мајка, меки, одвнатре, крцкави однадвор и сосема различни од сите други, ви треба токму нејзиниот рецепт. Затоа што додека ги правите гледајќи го нејзиниот ракопис во тефтерот, ќе мислите на неа, на вашата мајка. А тоа е еден посебен и единствен зачин.

Мирјана ќе добие два готвачи во издание на „Топер“.

Кифлички по рецептот на мама Јелена
Состојки:

3 јајца
1 коцка свеж квасец
125 г маргарин (пола маргарин)

200 мл зејтин (1 шолја)
250 мл пресно млеко

1/2 кесичка прашок за пециво

1 кг брашно

1 лажичка сол

3 супени лажици шеќер

Приготвување:

Замесете тесто со состојките о оставете го да се одмори и да стаса 30 минути.
Направете топчиња и секое исукајте го во овална форма. По желба можете пред да ги наполните со фил од урда или сиренце и белка. Или пак можете да направите блага верзија и да ги наполните со џем од кајсии, а да ги поросите со шеќер во прав и ванила.

Се витка и се засекува со нож, се премачкува со жолчка изматена со малку млеко и сол и се става семе по ваш избор (чиа семе, ким, сусам). Се печат во загреана рерна на 250 степени додека да се заруменат (околу 30 до 35 минути. во зависност од рерната).