Кои се трендовите за здрава исхрана за 2023 година?

Фото: Unsplash
205

Иако тестенините од наут, њоките од карфиол или шпагетите од тиквички не се ништо ново, американскиот WFM (Whole Foods Market) предвидува дека во 2023 година ќе бидат популарни тестенините направени од тиква, срце од палма и зелени банани.

Како и секоја година, aмериканскиот Whole Foods Market, односно нивниот совет за трендови (Trends Council), кој се состои од повеќе од 50 експерти на различни начини поврзани со производството и продажбата на храна, објави прогноза за тоа кои трендови на здрава исхрана ќе преовладуваат во 2023 година.

Шефот за маркетинг на WFM, Соња Гафси Облиск, вели дека нивните предвидувања на трендовите се возбудлив увид во она што би можело да се случува во прехранбената индустрија.

Jaupon (Ilex vomitoria), вид на зимзелена грмушка (божиковина) која расте низ југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави и е единственото познато растение со кофеин кое потекнува од Северна Америка, може да стане следниот растителен хит. Староседелците на овој континент ги користеле листовите на јаупон за чај. Латинското име на растението укажува на тоа дека се користи за да предизвика повраќање, но чајот од листовите на јаупон е безбеден во умерени количини. Се верува дека јаупон може да се користи самостојно или во различни пијалаци, од комбуха до безалкохолни коктели.

Алтернативите на кравјото млеко, како овесното, соја или бадемовото млеко, станаа вообичаени, но при нивното производство се создаваат нуспроизводи кои досега беа отфрлани. Со пренаменувањето на пулпата, тоа сега се менува и се создаваат иновативни производи, од алтернативно брашно преку пекарски мешавини до готови слатки.

Одамна е посочена важноста на овошјето и зеленчукот во исхраната, а новиот тренд – тестенините направени од овошје и зеленчук, ги доближува уште повеќе до потрошувачите. Иако тестенините од наут, њоките од карфиол или шпагетите од тиквички не се ништо ново, WFM предвидува дека во 2023 година ќе бидат популарни тестенините направени од тиква, срце од палма и зелени банани.

Во 2023 година, урмите би можеле да доживеат ренесанса како алтернативен природен засладувач, во форма на сируп, дехидрирани урми, паста од урми.

Експертите предвидуваат дека посебно место на полиците на продавниците ќе зазема келп алгата и нејзините производи, како што се чипс, тестенини, сосови (на пример, алтернатива за рибен сос).

Производите означени како „еколошки“ ќе доживеат бум. Сè поголем број на брендови за храна и пијалаци ќе работат на ограничување на нивното лошо влијание врз животната средина и одржливоста на производството и гордо ќе го покажат тоа на нивните декларации на производите.

Ретро вкусовите се враќаат, но со пресврт кон поздрави производи, на пр. безалкохолни пијалаци со додадени пребиотици или класични јадења во веганска верзија.

Иако маслото од авокадо не е ново на пазарот, се предвидува дека ќе го замени маслото од канола во грицките, мајонезот, готовите оброци итн. Маслото од авокадо е богато со бета каротен и омега 3 масни киселини, а освен тоа има неутрален вкус и може да се користи на високи температури.