Ако и вие претеравте со количината на руската салата, па се прашувате дали е сѐ уште добра за јадење, прочитајте како и колку долго може да стои во фрижидер
Руската салата многумина ја сметаат за кралица на празничната трпеза, но често ја имаме во фрижидер со денови по прославата бидејќи многумина ја прават во преголеми количини. Но, таа салата има краток рок на траење поради состојките – мајонез, варени компири и јајца кои не можат долго да траат без да се расипат.
И додека е свежа, важно е руската салата да не стои долго на собна температура, туку веднаш по послужувањето да се врати во фрижидер.
Многу луѓе прават грешка кога ја покриваат салатата само со фолија, што значи дека во садот можат да влезат микроорганизми од другата храна во фрижидерот.
Руската салата треба секогаш да се чува во фрижидер во сад кој добро се затвора за да не може да навлезе воздух, но и микроорганизми.
Треба да се чува на температура од околу 4 Целзиусови степени и да се јаде во рок од три дена, за да бидете сигурни дека нема да имате здравствени проблеми.