Конзервирана туна: што се случува со вашето тело кога ја јадете?

Фото: Freepik
474

Иако туната е риба која содржи поголемо количество жива и прекумерното консумирање туна може да предизвика труење со жива, таа има и одредени хранливи придобивки. Доколку сакате да го додадете во сендвич или салата, еве неколку информации за тоа како неjзиното вклучување во исхраната може да влијае на вашето тело.

Уште пред да ја погледнете етикетата на пакувањето со туна, веројатно знаете некои од придобивките од конзервираната туна. Евтинa е и се консумира на различни начини, во сендвичи, салати или како дел од главното јадење.

Иако туната е риба која содржи поголемо количество жива и прекумерното консумирање туна може да предизвика труење со жива, таа има и одредени хранливи придобивки. Доколку сакате да ја додадете во сендвич или салата, еве неколку информации за тоа како нејзиното вклучување во исхраната може позитивно или негативно да влијае на вашето тело.

Ќе го зголеми внесот на протеини

Додавањето протеини во вашата исхрана е важно затоа што ќе ве натера да се чувствувате посити подолго време и на крајот да консумирате помалку калории. Според американското Министерство за земјоделство (USDA), една конзерва туна во масло содржи 46,6 грама протеини, додека пак онаа која е спакувана во вода содржи само 31,7 грама протеини. Со оглед на тоа дека се препорачува да се консумираат 0,36 грама протеини по килограм телесна тежина, само една лименка туна би можела да ги задоволи вашите дневни потреби и воедно да ве направи сити. Иако конзервираната туна со масло има предности како што се протеини и пофин вкус, бидете внимателни бидејќи сепак има двојно повеќе калории и може да ве здебели.

Го одржува здравјето на очите и мозокот
Познато е дека докосахексаеноичната киселина (DHA), една од омега-3 масните киселини со долг синџир, има потврдено влијание врз телото. Со јадење сендвич со туна за ручек, благодарение на омега-3 киселината која се наоѓа во конзервираната туна, ќе го зајакнете мозокот, ќе ја подобрите меморијата и функцијата на очите. Покрај тоа, го намалува воспалението и ги отстранува симптомите на суво око.

Поголеми количини може да предизвикаат надуеност

Една од состојките на конзервираната туна е натриумот, чиј зголемен внес може да предизвика надуеност. Според Институтот Linus Pauling, една конзерва туна – без разлика дали е пакувана со масло или не – во просек содржи околу една четвртина од дневниот внес на натриум потребен за регулирање на телесните течности. Затоа, не заборавајте да ја прилагодите количината на конзервирана туна на границите на дневниот внес на натриум.