Костени, печени, варени, во десерт и во супа

Фото: Pexels
232

Чинија полна со крем супа од костени е вистинско есенско уживање.

Ако ги сакате костените, уживајте додека ги има и консумирајте ги во разни варијанти. Сигурно уживате во мирисот на печените костени, но тие имаат да ни понудат и многу повеќе? Како и повеќето јаткасти плодови, така и костените имаат голема хранлива вредност и многу здравствени бенефити.

Костените се одличен извор на витамин Ц и фолна киселина. Богатството од Б-витамини, кое се наоѓа во костените, ги зајакнува мозочните функции и меморијата, а севкупно ја подобрува активноста на мозокот и придонесува за здрав нервен систем. Костените содржат и манган кој се бори со слободните радикали во телото и го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак. Исто така, игра клучна улога во процесот на стареење и помага во спречување на згрутчување на крвта.
Богатството со растителни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем, добра состојба на бактериската флора, спречува запек и благотворно влијае на имунитетот. Печените костени се богати со калиум, па затоа се сметаат за корисни за лицата со хипертензија. Тоа се должи на фактот што има изразено диуретично дејство и придонесува за излачување течности кај луѓето што страдаат од задржување на водата во организмот.
Костенот има способност да ја исфрли водата од телото, а со тоа помага при проблеми со бубрезите и желудникот, а помага и во циркулацијата и протокот на храната низ цревата.

Затоа, не заборавајте да ги вклучите во исхраната и ако досега не сте јаделе, секако направете си и една крем супа. Најтешкиот дел е, се разбира, да се излупат костените. Ќе имате здрав и вкусен оброк.

Супа од костени

Одвојте малку време и почнете да ја подготвувате оваа супа, која без разлика како ја подготвувате, ќе стане омилен избор на вашето семејство.

Состојки:

400 г исчистени костени
1,6 л вода или супа од зеленчук
4 лажици маслиново масло
малку рендано морско оревче
2 праза
1 компир
3 стапчиња целер
свеж корен од магдонос
сол, црн пипер
1,5 дл павлака за готвење

Приготвување:
Измијте ги и исечкајте ги празот, стебленцата целер и коренот од магдонос. Во меѓувреме излупете ги костените и додајте ги во зеленчукот што сте го пропржиле на малку маслиново масло. Додадете вода и супа од зеленчук и варете 30 минути. На половина од времето за готвење, додадете рендан компир и зачинете со сол и црн пипер. Кога супата е готова, испасирајте ја или изблендирајте ја со миксер. Додадете павлака за готвење, кратко сварете и послужете.