Кој јадел лепче со свинска маст, тој знае…

528

Иако порано се јадело потпечено лепче со свинска маст и црвен пипер, нашата вредна пријателка наместо со маст, овојпат во рецептот на нејзината баба употребила маслиново масло

„Како дете ги памтам овие убави јадења кои ни ги приготвуваа за појадок мојата мајка и баба. Печено лепче на шпорет на дрва, со свинска маст, сол, суво нане и црвен пипер. И планинско чајче“, пишува покрај своето видео нашата пријателка Аница Клокановски од далечната Америка која иако далеку со децении, не ја заборава традицијата. Само понекогаш внесува некои измени, па и овојпат, наместо со свинска маст, на потпечените лепчиња и стариот добар појадок од своето детство, ставила маслиново масло.

Секако, маслиновото масло му дава еден сосема поинаков вкус на овој појадок, но и додадена вредност.

Впрочем, убаво е и вака и така, нели?

Госпоѓа Аница на потпечените лепчиња става маслиново масло, суво нане, малку сол и црвен пипер. А планинското чајче замириса дури дотука.