Кралска храна или матичен млеч: Лековити својства, употреба и несакани ефекти

Фото: Фејсбук
381

Матичниот млеч е млечен секрет што го произведуваат пчелите работнички и со него ја хранат матицата. До денес во природата не е позната материја слична со состав како што го има млечот, посебно со присуството и количеството на разни витамини, минерали, ензими и аминокиселини. Во многу делови од светот, матичниот млеч се користи како лек.

Од најстари времиња, човекот го интересирало зошто матицата која излегла од истото јајце како и пчелата работничка живее 5 и повеќе години, за разлика од обичните пчели кои живеат само 35-45 дена до 6 месеци. Само првите 3 дена сите ларви добиваат иста храна – матичен млеч. Потоа матичните ларви добиваат матична млеч, а останатите ларви добиваат кашичка од мед и полен.

Богатата исхрана на матичните ларви со млеч придонесува за нивниот забрзан развој, па така тие, во текот на првите 5 до 6 дена од развојот ја зголемуваат својата тежина за 1.500 пати (од 0,1 мг на 150 мг). Матицата е најплодното суштество на планетата и за време на сезоната несе околу 2.000 јајца дневно, во текот на сезоната околу 300.000, а за текот на својот живот и до 2.000.000, благодарение на чудотворната моќ на матичната млеч, најлековитиот од сите пчелни производи.

Млечот отсекогаш бил скап производ и претежно го користеле царевите поради што го добило името царско желе. Трудот што пчелите го вложуваат во производството на млечот е огромен и практично, велат пчеларите, млечот нема цена.

Матичната млеч ги содржи сите елементи потребни за нормална егзистенција на организмот

Овој производ е богат со витамини А, Б, Ц, Д и Е, а особено со витамини Б5 и Б6. Покрај минералите и ензимите, постојат дури 18 видови аминокиселини кои го спречуваат развојот на бактерии и вируси.

Со многубројните испитувања е докажано дека млечот е комплексна и богата супстанца. Млечот го содржи сето она што е потребно за раст, развој и нормално функционирање на организмот, белковини, масти и јаглени хидрати, витамини и во изобилство многу разновидни и за човекот корисни минерални материи.

Белковините во млечот се претставени со албумините и глобулините. Белковините се состојат од 5-8 фракции а пронајдени се и 22 аминокиселини вклучувајќи ги и осумте есенцијални аминокиселини.

Гликозата и фруктозата се главни претставници на шеќерите во млечот. Тие спаѓаат во група на редукциони шеќери кои клетките можат директно да ги примат. Во млечот постојат и други шеќери но во помали количини.

Млечот содржи и разни видови на витамини. Вкупната количина на витамини во 1 грам млеч изнесува 336-354мг. Во млечот има витамин Ц , тиамин (Б1), пиридоксин (Б6), никотинска киселина (ПП), пантотенска киселина (Б8), биотин (Х), фолна киселина, инозитол, рибофлафин… Докажано е присуство и на други витамини како што се А, Е, Д, К….. само во помали количини.

Во матичната млеч има ензими, биотини, нуклеински киселини и слободни нуклеоиди. Млечот содржи ходин и ацетилхолин, како и сите важни микро и макроелементи: железо, сулфур, магнезиум, манган, бакар, калиум, калциум, натриум, хром, никел, сребро, кобалт, алуминиум, злато…..До денеска во природата не е позната материја слична со состав како што го има млечот посебно со количината и количеството на разни витамини.

За што се користи?

Во Кина, овој пчелен производ многу години се користи во болниците за лекување инфекции, запек, хепатитис, анемија и како заштита од штетно зрачење.

Матичниот млеч се користи за лекување на поленска грозница, за заболување на црниот дроб, панкреатитис, проблеми со спиењето, ПМС, чир на желудникот, болести на бубрезите, фрактури на коските, симптоми на менопауза, кожни болести и висок холестерол. Матичниот млеч се користи и како универзален тоник за борба против симптомите на стареење и зајакнување на имунитетот.

Со редовна употреба на матичен млеч можеме трајно да го намалиме холестеролот, а кај жените во менопауза 12 недели користење на овој производ помешан со цветен полен ги намалува непријатните симптоми на менопаузата и ја подобрува општата здравствена состојба.

Третманот со матичен млеч покажал одлични резултати кај малите деца со нарушувања во исхраната, а како природен анаболик дава одлични резултати кај луѓето кои чувствуваат слабост предизвикана од старост или болест.

Несакани ефекти

Матичниот млеч во повеќето случаи е безбеден за употреба сѐ додека не се користи долгорочно. Може да предизвика сериозни алергиски реакции како што се астма и оток на грлото. Исто така, може да предизвика крварење од дебелото црево во комбинација со болки во стомакот, како и крвава дијареа.
Нема доволно информации за да се покаже како делува матичен млеч кога се нанесува директно на кожата, но може да предизвика воспаление и осип кога се нанесува на скалпот.
Кога станува збор за трудници и доилки, нема доволно информации за тоа каковлијае матичниот млеч на нивните состојби, но не ризикувајте ниту во овој период од животот.
Ако страдате од астма или алергии, матичен млеч може да предизвика сериозни здравствени реакции и не треба да се користи.