Лажен помфрит: Ја подобрува меморијата, штити од рак и има повеќе влакна од морковите, а калиум колку бананите

Фото: Unsplash
223

Станува збор за пашканатот, кој освен прехранбени влакна и калиум, содржи и витамини К и Е, тиамин, витамин Б6, магнезиум, фосфор и цинк, како и вредни антиоксиданти. На времето, кога немало шеќер, се користел како засладувач

Ако сте љубител на помфрит, време е да најдете некоја поздрава варијанта, како што е оваа. Станува збор за лажен помфрит од пашканат кој во споредба со сродниот морков, содржи двојно повеќе влакна и има карактеристичен слатко-јаткаст вкус. Интересно е што во периодот пред шеќерот да стане широко достапен, ова коренесто растение се користело за засладување на различни јадења.

Пашканатот има речиси исто количество калиум како бананите и прилично количество други важни хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, фолна киселина и манган, кои играат важна улога во регулирањето на шеќерот во крвта и функцијата на мозокот. Содржи и витамини К и Е, тиамин, витамин Б6, магнезиум, фосфор и цинк, како и вредни антиоксиданти, меѓу кои се издвојуваат полиацетилените, за кои австралиското истражување од 2005 година, објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry, покажало дека има. антиканцероген ефект. Повеќето коренести зеленчуци, вклучително и неправедно запоставениот пашканат, се во сезона во текот на зимата до рана пролет, и тоа е вистинското време да ги користите што е можно почесто во подготовката на оброците. Можете да го користите за подготовка на супи и сосови или да го печете во рерна, а одличен е и сварен и пасиран. Во оваа варијанта може да послужи како добредојдена замена за пире од компири. Ова пире ќе има понизок гликемиски индекс, повеќе влакна и помалку калории и сосема нов и интересен вкус.

Пашканатот можете да го користите и за правење лажен помфрит, кој ќе има богата, јаткаста арома, по малку како карамел и одлично ќе оди со зимски сосови и чорби. Исечете го на стапчиња, прелијте со маслиново масло, сол и црн пипер и печете 20 до 25 минути во рерна загреана на 230 степени додека да омекне и да стане крцкав по рабовите. На крајот, можете да го поросите со свежи билки како рузмарин или мелено каранфилче.