Лекот не мора секогаш да биде горчлив: Лекувањето со грозје се препорачува за многу болести

Фото: Pexels
570

Како и исхраната со јаболка, лекувањето со грозје се препорачува за многу болести, како додаток на веќе преиспитаните методи за лекување на одредена болест.

Се применува, како и лекувањето со јаболка, за краток временски период, најчесто два до три дена, а кај малигните заболувања лекувањето со грозје трае помеѓу 15 и 30 дена.

Од грозјето се троши само пулпата, без семки и лушпа или се цеди свеж сок. Лекувањето започнува со 1 кг грозје. Количината постепено се зголемува додека не достигне 2-3 кг дневно.

Иако има повеќе видови на грозје, секој од нив ќе го освежи телото и ќе го снабди со потребните витамини. Малите бобинки, без разлика каква боја се, се богати со витамини А, Б6, Б и фолна киселина. Важно е да се спомене дека 100 грама грозје може да задоволи 25% од препорачаната дневна количина на витамин Ц.

Лекување со грозје

Лекувањето со грозје се препорачува за многу болести бидејќи тој е најдобар пријател на вашето здравје.

Грозјето е богато со природни шеќери, минерални соли, витамини, ауксини (супстанции кои учествуваат во регенерацијата на клетките). Грозјето го олеснува метаболизмот (циркулацијата на материите во телото), го балансира витаминскиот баланс, поттикнува елиминација на мокрачна киселина, делува како деконгестив (отстранува застој на крвта). Како и исхраната со јаболка, лекувањето со грозје се препорачува за многу болести, како додаток на веќе преиспитаните методи за лекување на одредена болест.

Свежиот сок од грозје има ефективно депуративно, диуретично и тонично дејство, а особено се препорачува кај заразни болести (шарлах, рубеола, сипаници, дифтерија, грип и други), исто така и против малигни тумори.

Една неодамнешна студија вели дека виолетовиот сок од грозје помага во спречување на рак на дојка. За време на експериментот, забележано е значително намалување на масата на туморот на дојката откако лицето секојдневно се хранело со сок од грозје.

Се верува дека сокот од грозје е најдобриот лек против мигрена.

Грозјето се квалификува како лаксативна храна бидејќи кожата на бобинките содржи органска киселина, шеќер и целулоза – супстанции кои ја подобруваат работата на цревата и го елиминираат запекот.

Редовното консумирање на грозје позитивно влијае на здравјето на очите бидејќи ја штити мрежницата од влошување и го намалува ризикот од макуларна дегенерација. Тоа е најчеста причина за слепило кај луѓето над 50 години, а е придружена со заматен вид и искривени слики.

Грозјето е богат извор на минерали и хранливи материи како што се бакар, железо и манган – сите неопходни за развој и јачина на коските.

Грозјето го зголемува нивото на азотен оксид во крвта, што го спречува создавањето на згрутчување на крвта. Тоа значи дека го намалува и ризикот од срцев удар.

Ако кожата е мрсна, ½ лажичка сок од зелено грозје и ½ лажичка сок од лимон се мешаат и се нанесуваат за да се отстрани вишокот маснотии.