Лекување со сончогледово масло – метод стар 5.000 години

Фото: Unsplash
331

Велат дека со овој метод на лекување болестите се лекуваат за 2 до 4 дена (акутните) и до една година (хроничните заболувања).

Лекувањето со сончогледово масло за многумина може да изгледа невообичаено, но се покажало дека жабуркањето на маслото има ефект врз голем број здравствени проблеми.

Овој метод ги заменил хируршките операции и лековите за многу тешко болни пациенти. Основната постапка на овој метод е да се жабурка одредена количина на масло за јадење во устата.
На овој начин се спречува уништувањето на корисната микрофлора на организмот, што се јавува при внесување на синтетички лекови, на пр. антибиотици. Без да го голтате, треба да земете од една кафена до една супена лажица масло во устата. Жабуркајте го маслото во усната шуплина 15 до 20 минути. Исплуканата течност треба да биде млечно бела. Ако е жолта или жолтеникава, тоа значи дека третманот не траел доволно долго. Устата треба да се исплакне со чиста вода, да се измијат забите. Во исплуканата течност има голем број на штетни бактерии и токсини.

Се верува дека при жабуркањето целата крв од организмот поминува низ усната шуплина, па се чисти со исфрлање на вируси, бактерии и токсини во маслото. Најдобро е да користите кокосово, сончогледово, сусамово или маслиново масло за жабуркање, но може да се користи и секое друго масло. Важно е само маслата да се органски, ладно цедени и да не се индустриски обработени.

Највпечатлив ефект од лекувањето е белината на забите и нивното зацврстување во алвеолите и непцата. Најдобро е да почнете да ја плакнете устата наутро, пред јадење. За да се забрза процесот на лекување, постапката може да се повторува три или повеќе пати на ден, пред јадење, на празен стомак.

Терапијата трае додека на телото да му се врати на претходната сила, свежина и мирен сон. По будењето не треба да има замор во телото или во умот, подуените кругови под очите мора да исчезнат. Мора да се појави здрава глад и добра меморија.

На почетокот може да се појават симптоми на претходната болест, особено ако лицето има неколку воспаленија кои се активираат едно од друго, а без лекување би довеле до тешки состојби. Затоа, нема причина да се прекине оваа терапија во случај на покачена телесна температура.

Секое влошување е добар знак за закрепнување и исчезнување на болеста.

Бројот на дневни плакнења на усната шуплина со масло е оставено на личното чувство.

Со овој метод болестите се лекуваат за 2-4 дена (акутните) и до една година (хроничните заболувања).

Методот на лекување со сончогледово масло дал одлични резултати за: главоболки и мигрена, забоболки, бронхитис, тромбоза, хронични крвни заболувања, артроза, парализа, егзема, чир на желудникот, цревни, срцеви, бубрежни заболувања, воспаленија на мозокот, женски болести, тумори, грчеви , болести на нервите, белите дробови, црниот дроб, инфаркти…