Лукот е здрав ама не за сите

Фото: Pixabay
353

Иако е многу здрав и корисен за нашиот организам, во овие ситуации некои луѓе не би требало да го јадат …

Лукот долго време се смета за едно од најлековитите природни „чуда“ – бидејќи содржи повеќе од 400 активни состојки и витамини и минерали. Познато е дека е одличен во превенција од многу болести, како и во лекување на разни кожни болести, респираторни органи, нерви, црева, крвни садови, имунолошки систем…

Но, и покрај неговите лековити ефекти, постојат 5 групи на луѓе кои НЕ смеат да го консумираат:

1 Пациенти пред операција – најмалку 2 недели пред процедурата за да не се продолжи крварењето.

2 Луѓе со низок крвен притисок – затоа што самиот лук го намалува крвниот притисок.

3 Луѓе со заболување на црниот дроб – иако има антибактериско и антивирусно дејство, лукот не треба да се користи при хепатитис, бидејќи некои негови соединенија предизвикуваат пречки во варењето и можат да ги влошат симптомите на хепатитис, како што е мачнината. Дополнително, некои од неговите состојки ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, па затоа неговото прекумерно консумирање може да предизвика анемија.

4 Луѓе кои боледуваат од очни болести – прекумерното консумирање лук во големи количини, подолг период, може да ги оштети црниот дроб и очите, да предизвика губење на меморијата, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

5 Луѓе кои страдаат од дијареа – бидејќи состојките на лукот ги стимулираат цревата и може да доведат до хронично влошување на состојбата.