Македонските вина се претставија во Италија

140

На еден од најголемите саеми за вино во Европа – Vinitaly 2022 во Верона, Италија се претставени вина од 4.500 винарии, а саемот привлекува над 20.000 професионална винска публика од целиот свет.

Македонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа – Vinitaly 2022 кој оваа година се одржува од 10-13 Април во Верона, Италија на кој се претставени вина од 4.500 винарии, а саемот привлекува над 20.000 професионална винска публика од целиот свет.

Во рамките на саемот, се одржа и посебна Мастерклас дегустација на македонски вина од сортата Вранец и преку стручна презентација беа презентирани посебните карактеристики на оваа сорта која е најзначајна за нашата земја.

Со учеството на ваков тип на интернационални саеми се гради имиџот и препознатливоста на Македонија како винска земја во светски рамки и се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата.

Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година.