Мали зелчиња со големи здравствени придобивки

Фото: Unsplash
555

Прокељот е честопати еден од најомразените зеленчуци, но има и други крајности, кога е еден од омилените, особерно ако се приготви на вистинскиот начин. Но во секој случај, придонесува за силни коски, како превенција од рак, за намалување на холестеролот и килограмите

Прокељот припаѓа на семејството зелка, што не е тешко да се заклучи, имајќи предвид дека изгледа исто како минијатурна зелка, а еве само неколку причини зошто треба да го јадете во што поголеми количини, особено во зима.

Го чува здравјето на коските. Прокељот е полн со витамин К, кој е одговорен за здрави и силни коски во човечкото тело. Само една чаша прокељ содржи над 270 проценти од дневните потреби на организмот за витамин К. Истражувањата покажаа дека овој витамин ја зголемува густината на коските и го намалува ризикот од фрактури кај пациенти со остеопороза.

Борец против канцерогени заболувања. Како што веќе рековме, прокељот потекнува од семејството зелки, за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од рак. Докажано е дека луѓето кои јадат вакви плодови имаат помали шанси да се разболат.

Го намалува холестеролот. Кога прокељот е изложен на пареа, влакната што ги содржи се врзуваат за киселината во цревата што го олеснува минувањето низ телото. На тој начин, се надоместува изгубената жолч, но со холестеролот кој веќе се наоѓа во организмот.

Во комбинација со житни култури, тој е одличен извор на протеини. За зеленчук, прокељот содржи навистина завидна количина протеини, дури 4 грама по една шолја. Најдобро би било да го комбинирате со житни култури бидејќи за баланс му се потребни аминокиселини.

Поттикнува губење на тежината. Една чаша прокељ содржи само 56 калории, има многу малку маснотии и содржи 4 грама влакна, што е корисно за системот за варење  и дава чувство на ситост.

Совет: За да ја изгуби целата горчина, пржете го или динстајте го додека не добие крцкава кора, бидејќи на тој начин се ослободува сулфурот, кој е одговорен за тој горчлив вкус и малку непријатен мирис.

Највкусен е кога ќе се свари па ќе се запече во рерна прекриен со некој кашкавал што лесно се топи.