Мека италијанска погача со маслинки, лук и рузмарин

535

Ова италијанско лепче можете да го украсувате по ваш избор, а ако имате време и трпение, можете да направите да изгледа како вистинско уметничко дело. Нашето не е такво, само е вкусно. Беше…

Фокачата можете да ја украсите со разни тревки (рузмарин, оригано…), зеленчук (маслинки, домати, лук, кромид…), сирење или пак да ја направите празна. Фокачата може да се сервира како предјадење, како леб со главниот оброк или како ужина.

Состојки:

500 г бело брашно

1/2 кесичка сув квасец

320 мл топла вода

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

4 лажици маслиново масло

За полнење:

4 чешниња лук

сушен рузмарин

5 лажици маслиново масло

голема морска сол

10 маслинки без семки

Приготвување:

Во сад ставете брашно, додадете шеќер, сол, квасец, вода и маслото.

Тестото се замесува и се остава да стаса околу 45 минути на топло.

Тестото ставете го на набрашнет плех, развлечете го со намрсени раце и оставете го да нарасне уште 20 минути.

Во меѓувреме, исечкајте ги маслинките. Изгмечете го лукот, додадете го во шолја со маслиновото масло и додадете го рузмаринот.

Во тестото направете вдлабнатини со прстот и втиснете ги маслинките, а потоа сè премачкајте со мешавината од масло, лук и рузмарин.

Поросете со крупна морска сол.

Ставете ја во загреана рерна и печете 15 до 20 минути на 200 степени.