Во уште потешки случаи отколку во петте што ги наведуваме, може да се појави многу посериозна хипомагнеземија, кога концентрацијата на магнезиум во крвта е под 1,6 милиеквиваленти (mEq) на литар крв. Првите знаци за тоа се повраќање, гадење, поспаност и тремор.
Без магнезиум, нашето тело не може да функционира правилно. Затоа е важно навреме да ги препознаеме знаците дека имаме недостаток на магнезиум.
Магнезиумот е минерал и важна хранлива материја која му е потребна на нашето тело за да функционира. Тој е одговорен за помош во повеќе од 300 процеси во телото.
Магнезиумот им помага на мускулите и нервите да работат ефикасно, помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта, помага во одржување на силни коски и стабилна работа на срцето. Покрај тоа, тој е познат по тоа што има смирувачки и релаксирачки ефект врз сите телесни системи.
Затоа, не е невообичаено да почнеме да ги чувствуваме ефектите кога нашето тело има недостаток на магнезиум. Ова се некои од нив.
- Главоболка и мигрена
Ако страдате од хронични главоболки или мигрена, причината за тоа може да лежи во ниското ниво на магнезиум во телото. Истражувањата покажаа дека луѓето кои страдаат од мигрена имаат тенденција да имаат пониски нивоа на магнезиум во нивното тело. Се смета дека ниските нивоа на магнезиум придонесуваат за главоболки и мигрена поради својата улога во поддршката на здрава невролошка функција и создавање невротрансмитери.
Американската фондација за мигрена предлага земање додаток на магнезиум оксид во количина од 400-500 милиграми (мг) дневно за да се спречат мигрените. Утврдено е и дека земањето магнезиум помага во намалување на (пред) менструалните главоболки кои се јавуваат кај голем број жени.
- Неправилно варење
Доколку неколку дена се мачите со запек, големи се шансите да ви недостига магнезиум. Имено, магнезиумот има повеќекратна улога во нашето варење. Со тоа што помага да се вовлече вода во цревата, магнезиумот помага да се одржи столицата мека за поефикасно отстранување. Исто така, помага да се одржат контракциите на мускулите на дебелото црево.
Покрај нарушувањето на варењето поради недостаток на магнезиум, голема улога играат и хроничниот стрес, внесувањето премногу кофеин и шеќер, а сето тоа го исцрпува и онака ниското ниво на магнезиум во организмот. - Мускулни грчеви
Поради важната улога што ја игра во поддршката на вашите мускули, недостатокот на магнезиум може да доведе до болни мускулни грчеви, најчесто во долниот дел на нозете и стапалата. Мускулите се собираат и се опуштаат, а без доволно магнезиум овие контракции и опуштања можат да станат тешки и некоординирани.
Студијата спроведена во 1996 година, која дошла до овој заклучок, воведе во медицината испитување на количината на магнезиум кај секој пациент кој има постојани или силни болки во мускулите.
- Стрес и анксиозност
Поради важната улога во производството на невротрансмитери, ниското ниво на магнезиум може да создаде чувство на анксиозност, стрес и раздразливост. Невротрансмитерите се хемиски соединенија кои се наоѓаат во мозокот и им помагаат на нервите да комуницираат едни со други, така што анксиозноста е еден од најголемите симптоми на недостаток на магнезиум.
Тие му помагаат на нашето тело да регулира различни однесувања, како што се спиењето, моделите на размислување, расположението и многу повеќе. Ниското ниво на магнезиум може да резултира со различни нарушувања на расположението, вклучувајќи анксиозност, депресија, раздразливост и конфузија.
Затоа е важно да се испитаат овие вредности кога ќе забележиме симптоми на анксиозност или депресија.
- Несоница
Доколку не ви се непознати непроспиените ноќи, одговорот можеби лежи во магнезиумот. Невротрансмитерот гама-амино-бутерна киселина (GABA) игра улога во помагањето на телото да се релаксира. ГАБА е невротрансмитер одговорен за смирување на нервната активност, а магнезиумот игра важна улога во производството на ГАБА во мозокот.
Ниското ниво на магнезиум може да доведе до ниско производство на ГАБА, а со тоа и до несоница.
Во уште потешки случаи отколку во петте што ги наведовме, може да се појави многу посериозна хипомагнеземија, кога концентрацијата на магнезиум во крвта е под 1,6 милиеквиваленти (mEq) на литар крв. Првите знаци за тоа се повраќање, гадење, поспаност и тремор.
КАКО ПОБРЗО ДА ВНЕСЕТЕ МАГНЕЗИУМ?
Ако препознаете некои од горенаведените симптоми, постои голема можност да имате недостаток на магнезиум. За да бидете сигурни, можете да побарате тест на крвта од вашиот матичен лекар.
Во меѓувреме, можете сами да почнете да го подигате нивото на магнезиум во вашето тело, преку храна и суплементи. Треба да се зема секој ден, според препораките.
Приближно 50 проценти од магнезиумот што го внесуваме преку исхраната се апсорбира од тенкото црево, а стапката се зголемува доколку ни недостасува. За среќа, храната која е најбогата со магнезиум е широко достапна. Ги вклучува сите зелени лиснати зеленчуци, јаткасти плодови, авокадо, семки од тиква, лосос, млечни производи, темно чоколадо.
Магнезиумот може да се добие и со пиење вода, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои живеат во области со тврди води имаат помалку кардиоваскуларни болести бидејќи тврдата вода е резултат на високите нивоа на магнезиум и калциум.
Покрај храната, има и додатоци во исхраната во вид на капсули, спрејови или шумливи таблети.