Мислевте дека се здрави, но можат сериозно да го загрозат срцето: Исфрлете ги овие намирници и заменете ги со други

Фото: Pexels
566

Иако досега повеќето од нас верувавме дека овие намирници се добри за нашиот организам, кардиолозите велат поинаку.

Решивте да почнете да живеете поздраво и првиот чекор кон ново поглавје беше промената на вашето мени. Сепак, некои од намирниците за кои верувавме дека се здрави всушност може да имаат лош ефект врз здравјето на срцето, предупредуваат лекарите.

Еве за кои намирници и комбинации станува збор, но и некои совети за тоа со што можете да ги замените.

Јогурт и гранола

Шолја јогурт со гранола повеќето сметаат дека е здрав и урамнотежен појадок, но кардиологот д-р Шад Марвасти вели дека повеќето граноли и барови гранола кои често се јадат за појадок се полни со шеќер, кој е главниот виновник за дијабетесот, а може да доведе и до срцеви заболувања.

„Понекогаш им се додаваат и други масла, како хидрогенизирани масла, кои можат да предизвикаат воспаление“, вели тој.

Можете да го минимизирате ризикот со правење сопствена гранола и користење на почисто масло, како што е кокосовото. Д-р Шад истакнува дека истиот проблем со шеќерот постои и во популарните јогурти со вкус. Тој вели дека е подобро да земете обичен грчки јогурт и да додадете свои додатоци како овошје, јаворов сируп или мед.

Смути и зелен сок

Еден од најчестите начини да го започнете денот кога сте на диета е со смути или зелен сок, но рамнотежата помеѓу количината на овошје која е потребна за да се направи и едниот и другиот пијалак, е исклучена.

„Зелениот сок е сè уште сок. Се базира на сок од јаболко или сок од портокал. Во тој момент, тоа е навистина засладен напиток“, вели д-р Шад, кој додава и дека со цедењето на сок се губат вредни влакна.

„Кога јадете зеленчук, добивате влакна, а влакната можат да го намалат лошиот холестерол“, посочува овој експерт, кој предлага наместо тоа да се држите до бобинките кои се полни со антиоксиданти, како и да додадете авокадо во смути како извор на здрави масти.

Преливи со малку маснотии или без маснотии

Зелениот лиснат зеленчук има витамини растворливи во масти А, Д, Е и К, кои бараат малку маснотии за телото да ги открие придобивките од секој од нив.

„Кога всушност имате маснотии во вашата салата, тоа ја зголемува апсорпцијата на хранливи материи до 200%,“ вели д-р Шад.

Тој предупредува да не ја „давите“ вашата салата во прелив и истакнува дека најдобрите масти доаѓаат од правењето ваш прелив од маслиново масло. Во салатата можете да додадете и здрави масти како авокадо или риба.

Готово пилешко на скара од продавница

Ова изгледа како лесна опција за ручек или вечера, но докторот советува да ја прескокнете во секој случај.

„Понекогаш внесуваат сол во кожата на пилешкото, за да има подобар вкус и на тој начин внесувате многу повеќе сол отколку што ви треба, што може да го зголеми крвниот притисок. А и пилешкото не е здрава храна“, тврди д-р Марвасти.

Докторот посочува дека најважно е да се избегнува вишокот сол и шеќер, а оброците да ги подготвувате сами што почесто. За оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, се препорачуваат медитеранската и ДАШ диетата кои се препорачливи кога се работи за здравјето на срцето.