Многумина тврдат дека да се пие смуди е здраво, но што мислат експертите?

Фото: Pixabay
484

Што се случува со вашето тело ако пиете смуди секој ден? Дали е тоа здрава навика или не? Што мислат експертите за секојдневното консумирање смуди?

Повеќето луѓе наутро си подготвуваат смуди, наместо појадок, со цел да се снабдат со квалитетна доза на витамини и минерали и да останат сити до ручекот.

Што ќе се случи со вашето тело ако го пиете секој ден? Дали е тоа здрава навика или не? Убавината на овој напиток лежи во фактот дека во него можете да ги ставите речиси сите омилени состојки, што може да значи дека неговиот квалитет првенствено зависи од тоа од што сте го подготвиле.

Пред да го подготвите, прочитајте што мислат експертите за вашата секојдневна навика.

Дефинитивно ќе добиете доволна доза на витамини

Бидејќи основата на овие напитоци обично е едно овошје, а понекогаш и зеленчук, јасно е дека содржи многу витамини, се согласува нутриционистката Андрес Ајеста, основач на Центар за нутриционизам. Таа додава дека веројатно никогаш не би јаделе јогурт, банана и спанаќ во еден оброк, такашто ова е сепак одличен и здрав појадок.

Квалитетна доза на протеини

Една овошка има во просек околу 2,5 г протеини, но ако додадете лажица путер од бадем, на пример, во голема мера сте го зголемиле внесот на протеини. Ајеста предлага додавање на чист протеински прав за да ги задоволи вашите дневни потреби, особено ако сте физички активни, не заборавајте го овој совет. Грчкиот јогурт е одличен извор на протеини што можете да го додадете, и ќе биде многу повкусно. За да го намалите внесот на калории, изберете јогурт без вкусови, никако овошни јогурти.

Нивото на шеќер во крвта може да се зголеми

Без премногу размислување, лошата страна на дневната потрошувачка на овој напиток е тоа што тие често содржат многу шеќер, особено ова се однесува на оние купечките, веќе готови пијалоци. Ајеста верува дека со подготовка дома можете да го минимизирате внесот на шеќер ако користите намирници како цело овошје, зеленчук и јогурт без шеќер. Можете исто така да користите вода или млеко.

И натаму може да чувствувате гладни

Дали знаете дека промените во нивото на шеќер во крвта можат да предизвикаат кај вас чувство на глад? Покрај тоа, додека овошјето и зеленчукот ги претворате во течност, пропуштате некои важни работи како што се влакната, кои всушност ве прават сити.

„Овие наитоци заобиколуваат важен дел од варењето, а тоа е џвакањето“, вели нутриционистката, објаснувајќи дека токму затоа телото побрзо апсорбира сè што ќе се внесе во него, па последица на тоа ќе биде чувството на глад. Ако додадете влакна, што можете да ги најдете во чиа семето, сигурно ќе останете сити подолго. Запомнете дека пијалакот не е замена за секој оброк во денот, тој ќе ви служи како здрав додаток во исхраната. Доколку сакате да го замените оброкот, проверете дали содржи сè што би содржел и тој оброк.

Можете да претерате со внесот на калории

Секој ден по едно смуди може да се претвори во калориска бомба, особено ако додадете суво овошје. Имајте на ум дека може да се додадат и премногу добри намирници, кои за жал содржат и шеќери, дури и ако е тоа авокадо или кокос. И јаткастото овошје содржи малку повеќе калории иако е здраво.

За да не претерате, водете сметка колку од што ставате и користете лажица како мерка.

Идеја: смуди со зрнесто овошје

Состојки:

150 грама малини
150 грама капини
една банана
чаша млеко или јогурт
ливчиња нане
половина лажичка цимет

Исчистете ги и додадете ги сите состојки со блендер. Ако сакате поладен напиток, додадете коцки мраз. Ако сакате погуста текстура, додадете повеќе овошје.