Модри патлиџани како замена за месо и превенција од остеопороза, срцеви болести и рак

Фото: Unsplash
610

Модрите патлиџани можат да помогнат во превенција на остеопороза, да ги ублажат симптомите на анемија, да ги подобрат когнитивните функции и кардиоваскуларното здравје. Тие го штитат здравјето на дигестивниот систем, поттикнуваат губење на тежината, помагаат подобро да се контролира дијабетесот, го регулираат нивото на стрес и можат да го намалат ризикот од рак.

Сега е сезона за модрите патлиџани кои е најдобро да се консумираат помеѓу август и октомври, а веганската кујна ги препознава како одлична алтернатива за месо затоа што се добар извор на протеини и заслужуваат да бидат помеѓу нашите омилени намирници.

Модрите патлиџани можат да помогнат во превенција на остеопороза, да ги ублажат симптомите на анемија, да ги подобрат когнитивните функции и кардиоваскуларното здравје. Тие го штитат здравјето на дигестивниот систем, поттикнуваат губење на тежината, помагаат подобро да се контролира дијабетесот, го регулираат нивото на стрес и можат да го намалат ризикот од рак.

Одличните лековити својства на патлиџанот потекнуваат токму од неговата хранлива вредност. Модриот патлиџан содржи витамин Ц, К, Б6, тиамин, ниацин, магнезиум, фосфор, бакар, диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган, а содржи многу малку заситени масни киселини.

Модриот патлиџан и дигестивниот систем

Модрите патлиџани се одличен извор на диетални влакна кои се неопходни за добра и урамнотежена работа на дигестивниот систем, спречување на болести и нарушувања на дигестивниот систем. Влакната ќе го стимулираат ослободувањето на желудочните сокови кои ја олеснуваат апсорпцијата на хранливите материи и разградувањето на храната. Влакната се поврзани и со намален ризик од срцеви заболувања бидејќи го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Модри патлиџани за слабеење

Со оглед на тоа што патлиџаните речиси и да не содржат масти и холестерол, тие се одличен избор за луѓето кои сакаат да ослабат. Влакната го поттикнуваат чувството на ситост и го регулираат ослободувањето на хормони кои го зголемуваат апетитот. Регулирањето на апетитот е еден од најважните чекори во процесот на слабеење.

Модар патлиџан за превенција од рак

Модрите патлиџани се одличен извор на антиоксиданти кои го штитат организмот од бројни различни болести и нарушувања. Тие содржат витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем и го стимулира ослободувањето на белите крвни зрнца. Тие се одличен извор на манган, природен антиоксидант и есенцијален минерал. Слободните радикали се соединенија кои ги напаѓаат здравите телесни клетки и го зголемуваат ризикот од канцерогени клетки, додека антиоксидантите ги штитат клетките од штетните ефекти на слободните радикали.

Модар патлиџан и здравјето на коските


Модрите патлиџани се многу добар извор на железо и калциум, минерали кои се клучни за одржување на здравјето на коскениот систем. Тие исто така содржат калиум, кој е клучен за соодветна апсорпција на калциум. Истражувањата покажаа дека патлиџаните можат да ги ублажат симптомите на остеопороза, да ги зајакнат коските и да ја зголемат густината на коскеното ткиво.

Модар патлиџан за спречување на анемија

Недостатокот на железо може да биде опасен по здравјето на целиот организам и да предизвика анемија. Најчести симптоми на анемија се главоболки, мигрена, хроничен замор, чувство на слабост, депресија и слабеење на когнитивните функции. Модрите патлиџани се одличен извор на железо и бакар, минерали кои се клучни за превенција од анемија.

Модриот патлиџан и когнитивните функции

Тие се одличен извор на фитонутриенти кои ја подобруваат когнитивната функција и менталното здравје. Со редовно консумирање модар патлиџан ќе го стимулирате протокот на крв и хранливи материи во мозокот и ќе ја стимулирате комуникацијата помеѓу невротрансмитерите.

Модар патлиџан за здравјето на кардиоваскуларниот систем

Модрите патлиџани го регулираат нивото на холестерол. Истовремено го зголемуваат нивото на добриот (HDL) холестерол и го намалуваат нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол. Колку е повисоко нивото на ХДЛ холестерол, толку е помал ризикот од развој на голем број болести на кардиоваскуларниот систем. Со намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот се намалува и ризикот од срцев и мозочен удар.

Модар патлиџан и дијабетес

Поради високата содржина на влакна и ниската содржина на јаглени хидрати, модрите патлиџани се одлични за регулирање на нивото на шеќер и инсулин во крвта. Ако нивото на инсулин е стабилно, ненадејните промени во нивото на шеќер во крвта ќе престанат.

Мерки на претпазливост

Доколку сте склони кон алергии на храна, задолжително консултирајте се со вашиот лекар доколку планирате да го зголемите внесот на модар патлиџан. Што се однесува до самата подготовка на модар патлиџан, голем број луѓе грешат кога го пржат патлиџанот. Со пржење на модрите патлиџани, не само што ќе го намалите количеството на хранливи соединенија, туку модрите патлиџани ќе апсорбираат и големо количество маснотии.

Кога бирате патлиџан обидете се да го стеснете – ако кожата се врати на место, значи дека е зрел, а ако остане вдлабнатина, не е. Дома чувајте ги на температура од околу 10°C, а не го сечете претходно затоа што брзо се расипува.

Горчливиот вкус можете да го неутрализирате со сол пред готвењето. Исечете го патлиџанот на саканата големина, посолете го и оставете да отстои така 30 минути.

Можат да се комбинираат со голем број намирници, а се смета дека е комплементарна намирница која ги балансира сите други вкусови.