Може да се слабее и со тестенини и чоколадо: Храна која не е забранета при намалување на килограмите

Фото: Pexels
237

Кога сакате да ослабнете важно е, пред сѐ, да обрнете внимание на количината на храна што ја внесувате. Затоа, некои намирници кои се сметаа за забранети во процесот на слабеење, всушност треба да се консумираат како дел од целокупната урамнотежена и здрава исхрана и секако, во комбинација со физичка активност и квалитетен сон.

Меѓу советите за диети, обично се наоѓаат намирници кои „мора да се избегнуваат” при слабеењето. Но, сепак, има храна којашто, всушност, е полезна за повеќето луѓе и нивната тежина.

Важно е, пред сѐ, да се обрне внимание на количината што се јаде. Второ, овој вид храна треба да се консумира како дел од целокупната урамнотежена и здрава исхрана, која е само еден сегмент од процесот на слабеење, покрај физичката активност и квалитетниот сон. Следи список намирници што може да се јадат напоредно со редовно вежбање.

Тестенини

Точно е дека тестенините се рафинирани јаглехидрати и се препорачува да се ограничи нивниот внес при обидите да се изгуби тежина. Според списанието „Ит дис, нот дет” (Eat This, Not That), сепак, нутриционистите препорачуваат тестенини направени од гриз – којшто побавно се вари и на тој начин му дава ситост и стабилна енергија на телото, наместо покачување на шеќерот во крвта.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат тестенини пет пати седмично изгубиле речиси ист број килограми како оние кои јаделе тестенини трипати или помалку. Учесниците практикувале медитеранска исхрана, која вообичаено се смета за една од најздравите.

Нутриционистите наведуваат дека соодветната количина тестенини за возрасен е 85 грама. Соодветната количина за деца, пак, е потешко да се одреди, но се проценува на 50 грама за дете од пет до 10 години. Во тестенините, се додава храна што содржи здрави масти, на пр. маслинки, туна итн., препорачуваат стручњаците.

Чоколадо

Големите количини чоколадо и какао дефинитивно се штетни за чија било телесна тежина. Испитувањата покажале дека темното чоколадо воопшто не предизвикува дебелеење и може да се јаде без грижa за овој проблем.

Јајца

Тие се природен извор на маснотии, па многумина мислат дека не се препорачуваат при слабеење. Сепак, благодарение на висококвалитетните протеини, човекот е сит до крајот на денот. Американското здружение за срце (АХА) препорачува да се јаде едно јајце на ден како дел од здравата исхрана.

Но, претерувањето со храна која често оди во комбинација со јајцата, како сланина и колбаси, не се препорачуваат доколку вашата цел е да ги намалите килограмите. Така, во тој случај, наместо месо, се препорачува зеленчук.

Забрзувањето на метаболизмот е исто така корисно за губењето тежина. Иако тоа – дали имате брз или бавен метаболизам зависи од гените, јадењето храна богата со протеини, како што се јајцата, го забрзува метаболизмот и согорува повеќе калории.

Протеините помагаат и во зачувување на мускулите и градат поголема мускулна маса. Зголемувањето на мускулите има директно влијание врз метаболизмот. Мускулите трошат повеќе енергија и согоруваат повеќе калории во мирување, така што – колку повеќе мускули имате, толку поделотворно телото ја согорува храната што се внесува во организмот.