Намалете го апетитот и ослабете со топчиња од цвекло

Фото: Unsplash
192

Откако ќе направите сок од цвекло, не ги фрлајте остатоците. Тие се одлично средство за слабеење. Направете мали топчиња со големина на брусница и замрзнете ги, па во моментот кога ќе почувствувате глад, проголтајте неколку топчиња со малку вода.

Подгответе околу еден килограм цвекло, исцедете го во соковник. Остатоците од цвеклото се одлично средство за слабеење. Од овие остатоци направете мали топчиња со големина на брусница и замрзнете ги.
Во моментот кога ќе почувствувате глад, проголтајте неколку топчиња цвекло, без џвакање, со малку вода. Воздржете се од јадење и пиење. И по некое време, кога повторно ќе почувствувате глад, повторно голтнете неколку топчиња цвекло.

Ова ќе ви го намали апетитот и ќе ви помогне да изгубите тежина, бидејќи тоа е природен начин за чистење на телото. Овој метод го регулира и крвниот притисок, па затоа се препорачува за лица со висок крвен притисок.

Инаку, знаеме дека иако на прв поглед не изгледа примамливо, цвеклото носи бројни здравствени придобивки.

Помага кај анемија

Првиот совет кој ќе ви го даде секој лекар во случај на дијагноза на недостиг на железо во крвта е што почеста консумација на цвеклото. Заради железото со кое истото изобилува, овој зеленчук е добредојден и за време на менструалниот циклус.
Имајте на ум дека кога консумирате цвекло, било да го јадете свежо како салата, варено или, пак, како сок, треба да додадете малку свежо исцеден сок од лимон, со цел железото да се врзе за да може телото да го апсорбира.

Рудник на минерали
Цвеклото е богато со минерали како магнезиум, калиум, калциум, железо и сулфур. Исто така, може да се пофали и со групата на Б витамини, меѓу кои најмногу се истакнува фолната киселина, како и со витаминот Ц, заради што цвеклото претставува одличен избор за трудниците.

Подобра апсорпција на калциум

Заради присуството на сицилиум, цвеклото помага за подобра апсорпција на калциумот во телото, што, пак, придонесува за одржување на здравјето на коските, кожата, косата и ноктите.

Чистење на организмот
Во сирова, односно необработена форма, цвеклото содржи бетаин, детоксификациска состојка која одлично го регулира лачењето на жолчката и му помага на најоптоварениот орган – црниот дроб.
Од вкупно 500-те функции што ги има жолчката, најважни се оние кои се однесуваат на отстранување на токсините и излачување на вишокот на хормони и масти, а токму во тоа, лековитото цвекло е нејзин голем сојузник.

Црвената боја против болести и тумори
Пигментот антоцијан, од кој цвеклото добива црвена боја, делува против разни болести, ги намалува клетките на туморот, а нападнатото ткиво повторно добива нормална структура.


Ја обновува крвта
Цвеклото придонесува за обновување на крвта поради што претставува и природна помош во лекување на леукемија.

Го намалува крвниот притисок
Доколку се консумира редовно, цвеклото и сокот од цвекло дејствуваат и на намалување на крвниот притисок.

Поголема физичка издржливост
Сокот од цвекло е богат со нитрати – соединенија кои ја намалуваат потрошувачката на кислород при напор. Со редовна консумација нивното ниво двојно се зголемува, што влијае на зголемување на мускулната издржливост за време на физичка активност.