Бананите се здрави и корисни за организмот, но наутро не е добро да се јадат самостојно. Брзо ќе ви го зголемат шеќерот, па ќе се чувствувате повеќе уморни и гладни, а бананата ќе направи повеќе штета отколку корист. Затоа, комбинирајте ги со други намирници, а најдобро е ако наутро наместо банана јадете леб направен од банани
Иако бананата може да изгледа како одличен избор за појадок кога брзате некаде, некои експерти укажуваат на несаканите ефекти од јадење банана на празен стомак.
Еве што велат тие.
Бананата е одличен извор на витамин Б6, иако не е поврзана со витамин Ц. Бананата со средна големина обезбедува 10% од препорачаниот дневен внес на витамин Ц. Таа е еден од најдобрите извори на калиум и нејзината содржина на влакна може да го помогне варењето и да спречи гастроинтестинални проблеми. Што е најважно, бананите содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза, кои обезбедуваат извор на енергија без маснотии и холестерол.
Иако бананата има добра репутација во областа на здравјето и исхраната, таа се состои од 25% шеќер. Иако шеќерите се природни, во комбинација со умерено киселата природа на бананите, тие брзо ќе ви го зголемат шеќерот, што ќе резултира со пад околу средината на утрото. Така ќе се чувствувате повеќе уморни и гладни, а бананата ќе направи повеќе штета отколку корист. Зголемувањето на шеќерот исто така може да предизвика желба, што ве прави поподложни на прејадување.
Тоа не значи дека треба ги отфрлите бананите, сепак тие се сепак здрави и корисни за организмот. Но, потребни ви се здрави масти и други макронутриенти за да ја надополнат бананата, за да имате доволно енергија за да го поминете денот и нивото на шеќер и киселина во крвта да се вратат во нормала. Само треба да внимавате да го споите ова овошје со нешто друго, како на пример, со чаша млеко, со путер од кикирики или со варено јајце.
Затоа е најдобро да ги комбинирате со други видови намирници. Добри се во комбинација со чиа семе, боровинки, бадемово млеко, цели житарки, додека можеби најздравиот избор е лебот направен од банани!
Едноставно, најдобро е да ги комбинирате со друга храна и да ги јадете во вистинско време за да го избегнете несаканиот ефект на замор од шеќерите.