Наместо кафе и цигара….

354

Ако сте од оние кои со кафе секогаш сакаат да грицкаат нешто слатко или пак сакате да се откажете од пушење, наместо со цигара, испијте си го утринското кафе со вакви домашни кекси.

Состојки:

1 пакување путер од кикирики

1 јајце

250 г брашно (по ваш избор – ни снема спелтино, па ги направивме со обично бело брашно)

50 г кафеав шеќер

100 г мед (може и само шеќер или само мед)

1 лажичка екстракт од ванила

1/2 лажичка прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

Ако ви е премногу густа смесата, капнете малку кисела вода или млеко

Приготвување:

Измешајте ги состојките со миксер а потоа би требало смесата да биде погодна за да можете со рака да обликувате топчиња.

Ставајте ги во тепсија за печење обложена со хартија и со вилушка притиснете го секое топче во две насоки за да се добијат шари, но и за да ги сплеснете колачите и да добијат форма на кекси.

Се печат околу 10 минути, на 170 степени, а од оваа смеса ќе добиете 25 кекси.