Наместо мусли и чиа, порано јадевме попара со стар леб

Фото: Unsplash
272

Ако сте пораснале во Југославија, сигурно барем понекогаш за појадок сте си дробеле старо лепче и сиренце во топло млекце. Го памтите ли ова јадење?

Попарата е стар појадок кој порано често се јадеше, а денес е веќе заборавен, па денешните генерации речиси и не знаат што е тоа.

Кога бевме деца, понекогаш јадевме од оваа и тогаш старомодна, ама многу вкусна попара, а повозрасните ја имаа редовно на менито.

Во меѓувреме случајно го најдов овој рецепт за данската каша со ’ржан леб и пиво па се сетив на појадокот од дедо ми Стефан: леб, чај од камилица, малку црвено вино и малку шеќер, доколку е виното покиселко. Не беше лоша.

Сепак, ние ви го даваме наједноставниот рецепт што им го правеле порано на децата, па ако не сте пробале, испробајте го сега, нема да зажалите. Многу генерации пораснале на попара.

Состојки:

половина бајат леб
1 чаша млеко
3 чаши вода
1-2 парчиња сирење

Приготвување:

Лебот исечкајте го на коцки и ставете го во тенџерче. Истурете млеко и вода и измешајте. Додадете го искршеното сирење и посолете ако сирењето не е солено. Измешајте додека лебот не ја впие течноста. Послужете топло.