Напиток од две намирници за брзо слабеење

Фото: Unsplash
638

Овој овесен напиток го забрзува метаболизмот, па добро е да се пие наутро и навечер. Особено се препорачува за жени над 50 години

За слабеење e потребно да имате урамнотежена исхрана, со многу свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки и да консумирате доволно количество вода. Исто така, физичката активност е неопходна, како за здравјето, така и за самиот процес на слабеење. Но, благодарение на извонредните и лековити состојки од природата, можете лесно да го забрзате овој процес.

Ви пренесуваме рецепт за напиток од овес кој благотворно делува на губење на несаканите килограми и забрзување на метаболизмот, а особено се препорачува за жени над 50 години. Со текот на годините, вашиот метаболизам се забавува, а овој напитoк може да ви помогне да го активирате.

Овесот содржи бројни витамини и минерали, вклучувајќи манган, фосфор, бакар, витамин Б1, железо, селен, магнезиум и цинк. Богат е со аминокиселини, антиоксиданти кои се неопходни за чистење на телото од токсини, како и влакна, неопходни за слабеење и за борба против запек.

Еве рецепт за моќен напиток кој слабее – се препорачува да се напиете шолја наутро на празен стомак и навечер пред спиење!

Состојки:

1 чаша излупен овес
2 литри вода
лимон
Приготвување:

Во тенџере ставете вода и овес, па варете додека не зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и варете уште 15 минути. Оставете да отстои околу 5 часа. Потоа процедете и ставете си во шолја, додадете една кришка органски лимон со кора.

Не го фрлајте овесот, можете да го изблендирате и од него да направите колачи или каша.