Направете ги најдобрите домашни чварки

Фото: Pixabay
528

Сега можете лесно и брзо да направите крцкави чварки дома.

Искусните домаќинки ќе ви кажат дека е важен начинот на кој го сечете свинското сало, бидејќи на тој начин ќе успеете да ги направите најдобрите чварки.

„Трикот“ е да ги исечете на вистинската големина, која е околу 3 цм. Парчињата не смеат да бидат премногу големи, но ниту премногу мали, бидејќи тогаш чварките ќе бидат жилави и тврди.

Исто така, она што е важно при сечењето на салото е температурата на просторијата. Таа мора да е ниска, па најдобро е салото да го сечете надвор. Не претерувајте со млекото, бидејќи чварките ќе имаат потемна боја. Многу домаќини тврдат дека исцедените чварки не треба да ги посолувате, бидејќи така ја губат крцкавоста, но можете ако сакате.

Состојки:

5 кг свинска маст

200 мл млеко

Приготвување:

Измијте го свинското сало, па исечете го. Варете го на умерена температура со постојано мешање околу половина час. Ставете го млекото, па топете го салото додека не престане да пени и чварките не добијат убава боја. Исцедете ги и посолете ги.